Емитер 1-6/2021.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Микроскопски честички од пластика, таканаречена микропластика, има насекаде – од длабоките океани и мразот на Антарктикот до прехранбената сол и пивото. Истражувачите проценуваат дека најтешко погодените луѓе може да внесуваат количина на микропластика колку една кредитна картичка секоја година. Но, не знаеме дали ова е опасно. Микропластиката е насекаде, но дали е штетна? Научниците брзаат да ги проучат малите пластични честички што ги има кај морските животни и кај нас. Тие се справуваат со предизвикот да ги проучат можните здравствени ефекти на микропластиката, која има различни форми, големини и хемиски состав.
Истражувачите се загрижени за потенцијалните штети од микропластиката во изминативе 20 години, но повеќето студии се фокусирале на ризиците што таа ги носи во однос на морскиот живот. Па така, токму морскиот еколог Ричард Томпсон за првпат во 2004 година ќе го употреби терминот за да ги опише честичките од пластика помали од 5 милиметри што неговиот тим ги нашол на британските плажи. Оттогаш научниците откриваат микропластика каде и да погледнат – во длабочината на океаните, во Арктичкиот снег и во мразот на Антарктикот, во школките, кујнската сол, водата за пиење, пивото – тие лебдат во воздухот или паѓаат со дождот над планините и градовите. Можеби ќе изминат децении, па и повеќе време, пред овие мали честички целосно да се разградат.
Истражувањата на Универзитетот Вагенинген во Холандија покажале дека од ограничените истражувања на микропластиката во воздухот, водата, солта и во морските плодови, децата и возрасните може да внесат од неколку десетици до повеќе од 100 000 микропластични честички секој ден. Во најлош случај, микропластиката што луѓето може да внесат на годишно ниво може да е еквивалентна на една кредитна картичка.
Поради сето ова регулаторните тела во повеќе земји го прават првиот чекор кон процена на ризикот по здравјето на луѓето и мерење на изложеноста.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-6/2021. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.