Рубрика: Омнибус
Изнервиран Шкотланѓанец сака да испрати рамноземјанин во вселената
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 18.02.2021 - 13:00

Минатата недела низ светот проструи неверојатната вест дека еден Шкотланѓанец започнал кампања на сајтот gofundme чија крајна цел е да се соберат доволно средства за испраќање на еден од рамноземјаните во вселената за од прва рака да се уверат во топчестата форма на Земјата.

Како што пренесува британскиот Sun, Марк Голд себеси се опишал како “изнервиран Шкотланѓанец”, презаситен од неукоста што ја шират рамноземјаните, меѓу кои има и неколкумина негови пријатели. Зборувајќи за нив тој само ги потврдува добропознатите бесмислици што веќе одамна измамуваат громогласно и до солзи смеење на сите при здрава памет – дека астронаутите всушност биле платени актери, а целокупната програма за истражување на вселената е всушност една голема завера за измама на човештвото smileylaugh


Како што понатаму вели Голд, нему му дошло преку глава од убедувања со ‘просветлените’ пријатели кои едвам можеле да ја задржат работата што ја имаат, која веројатно погодувате, не бара некој особен интелектуален напор за нејзино вршење, а во никој случај не може да се рече дека е научна. Голд ни самиот не е научник, тој е обичен работник во нафтената индустрија, но затоа обожава да гледа документарци, да следи емисии од областа на популарната наука и е тежок фан на научната фантастика. Изнервиран од убеденоста на неговите неуки пријатели тој се решил да им помогне во нивното образование на уникатен начин – со испраќање на некого од нив во вселената. Тој ја креирал сметката на gofundme, а ги конактирал и познатите бизнис-иноватори од полето на вселенските истражувања Ричард Бренсон и Илон Маск.

Сите што сакаат да му помогнат на Голд во неговата цел може да донираат некој денар/долар тука, а се надеваме дека наскоро Маск и Бренсон позитивно ќе одговорат на неговиот предлог и дека за брзо време ќе го имаме првиот рамноземјанин кој бил во вселената smiley

За потсетување  – рамноземјаните тврдат дека целата работа со сферичната Земја е голема “превара” и дека сите ние живееме на Земја која е џам рамна, како тепсија, од сите страни опколена од ѕид од мраз (веројатно за да не истече водата wink ) а дека Месечината и Сонцето се рефлектори што “нечија рака ги движи по небесниот свод”. Повеќе за оваа бесмислица и нејзиното научно разобличување прочитајте во:

"Заблуди, измами и вистини: Дали Земјата е рамна плоча?" – (Емитер 4-6/2017),

"Заблуди, измами и вистини: Сината џамлија“ и рамноземјаните",

"Зошто Месечината изгледа наопаку од јужната хемисфера?и

"Заблуди, измами и вистини: Рамноземјаните се самоубија!".

Клучни зборови:
Сметката на gofundме каде може да оставите некој денар за испраќање на првиот рамноземјанин во вселената

Сметката на gofundме каде може да оставите некој денар за испраќање на првиот рамноземјанин во вселената

Шкотланѓанецот Марк Голд кому му дошло преку глава од убедување со рамноземјани

Шкотланѓанецот Марк Голд кому му дошло преку глава од убедување со рамноземјани