Рубрика: Автомобилска техника
Електрични возила (1): Можности и карактеристики
Автори: Дејан Пејовски, Бодан Велковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4-6/2017.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во последнава деценија, како последица на сä поголемиот интерес за енергетска ефикасност, енергетска диверзификација и заштита на околината, се забележува забрзан развој во полето на електричните возила. Во овој текст ќе бидат разгледани нивните перформанси и предностите пред класичните автомобили. Основни делови на електричниот систем кај ваквото возило се батериите, електричниот мотор и енергетскиот преобразувач. Во овој напис ќе бидат анализирани работните и регулациските карактеристики на мотор на еднонасочна струја и соодветниот енергетски преобразувач, како една од можностите за избор на погонска машина кај електрично возило.

Зачетоците на електричните возила (ЕВ) датираат во триесеттите години на деветнаесеттиот век, кога Роберт Андерсон го направил првиот електричен вагон. Сепак, за прво практично електрично возило се смета малата локомотива на Томас Давенпорт, во 1835 г. Производството на електрични возила доживеало толкав пораст, што до 1900 г. тие сочинувале 28% во сообраќајот во САД, но Фордовиот Т-модел ги засенил со своите мож-ности. Во последниве години ситуацијата значително се менува, првенствено поради с# повисоката цена на фосилните горива и нивното намалување како енергетски ресурс, како и поради значајното подобрување на можностите на електричните возила.
Се покажува дека електричните мотори имаат еднаква механичка моќност како и моторите со внатрешно согорување, и тоа при релативно висок коефициент на ефикасност. Друга важна карактеристика на ЕВ е можноста да работат со рекуперација на кинетичката енергија во елек-трична преку т.н. генераторско сопирање. Со нивното полнење во текот на ноќните часови овозможуваат урамнотежување на оптоварувањето во електроенергетскиот систем. Значително ја зачувуваат животната средина бидејќи немаат издувни гасови и работат тивко и речиси без вибрации.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2017. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.