Емитер 4-6/2017.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во февруари оваа година, астрономите на НАСА го објавија откритието на планетарен систем од дури седум каменести земјолики планети околу ѕвезда од типот “црвено џуџе”, што претставува планетарен систем со рекорден број откриени егзопланети околу некоја подалечна ѕвезда.
Голем број од потрагите по егзопланети се фокусирани на барање планетарни системи околу ѕвезди коишто се налик на нашето Сонце. Но, тимот којшто стои зад белгискиот проект ТРАПИСТ (TRAPPIST – Transiting Planets and Planetesimals Small Telescope) се реши за различен пристап во потрагата. Потрага по планети што транзитираат пред таканаречените ѕвезди-џуџи-ња коишто се со придушен сјај, но се и најбројни во нашата галаксија, Млечен Пат. Почнувајќи од 2010 година, 0,6-метарскиот роботски телскоп при Европската јужна опсерваторија (ЕСО), Ла Сила во Чиле, многу брзо “налета” на ѕвездата што наскоро ќе стане позната како ТРАПИСТ-1.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2017. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.