Рубрика: Астрономија и астронаутика
Конечно, за денес закажан првиот лет на Ingenuity
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 19.04.2021 - 11:00

По низа одлагања и тестови, денес конечно треба да се случи обидот за прв контролиран тест на едно летало во атмосферата на Марс. Податоците од првиот лет, кој беше закажан за утринава, ќе бидат добиени на Земјата неколку часа по автономниот лет.

Преносот од НАСА се очекува да започне за помалку од час и половина, а ќе може да се проследи на повеќе канали на социјалните мрежи, се разбира, на официјалните профили на НАСА и JPL.

Ако се тече според планот, за 14 часот е закажан првиот брифинг за информирање на поширокјата јавност.

Првичниот датум на летот, 11 април, беше одложен поради инженерските проверки и барањето решение за проблемите кои се јавија во врска со некои од командите. Според планот роверот Perseverance обезбедува целосна поддршка на малиот хеликоптер за време на летот – од правење слики, собирање податоци за животната средина, па до хостирање на базната станица што му овозможува на хеликоптерот да комуницира со контролорите на мисијата на Земјата.

Успешната демонстрацијата на функционалноста на оваа технологија ќе отвори пат за планирање на сосема нов вид роботизирани истражувања на Црвената планета, но и на други небесни тела од Сончевиот систем.

Преносот од летот може да го проследите на видеото подолу.

Клучни зборови: