Емитер 9-10/2016.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Откривањето на Хигсовиот бозон (“Божјата честичка”), освен што го објасни потеклото на масата на материјата, поттикна и појава на хипотеза којашто нуди објаснување за една од најголемите мистерии во астрофизиката: отсуството на антиматеријата во универумот што е познат денес.
Откривањето на Хигсовиот бозон (Higgs boson), објавено триуфално на 4 јули 2012 год., од страна на агенцијата CERN, овозможи да се добие точна визија за потеклото на масата на материјата. Според таа нова визија, масата на материјата повеќе не се смета како атрибут на елементарните честички, туку како особина којашто тие честички ја добиваат во интеракција со Хигсовото поле. Подетално во врска со Хигсовиот бозон види во ЕМИТЕР 7-8/12: “Што по откритието на Хигс бозонот” и ЕМИТЕР 7-8/13: “Хигсовиот бозон отвори ново пророштво за крајот на светот”. Ова откритие поттикна “раѓање” на две хипотези, коишто се однесуваат на две големи мистерии во космологијата: мистеријата за отсуството на антиматеријата во денес познатиот универзум и мистеријата за потеклото на темната материја којашто зафаќа 84,5% од вкупната маса на универзумот. Според тие хипотези, Хигсовиот бозон имал клучна улога при “раѓањето” на универзумот, креирајќи го таков, каков што ние сега го гледаме. Предмет на овој напис е првонаведената хипотеза: отсуството на антиматеријата во денес познатиот универзум. Па, да ја проследиме!
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9-10/2016. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.