Рубрика: Аудио и видеотехника
Ралф Хенри Баер – таткото на видеоигрите
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-2/2015.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


И исто како во La Bohème – песната на Шарл Азнавур, ви зборувам за едно време кое помладите од 30-40 години не би можеле да го познаваат. Едно непоимливо време, кога сè уште не беа родени видеоконзолите, а на ретките играчки автомати им беше местото само по панаѓури или во некои кафулиња, заедно со тогаш популарните флипери и џубокси… Дома? Дома само побогатите имаа телевизор, а на телевизорот неколку часа ТВ-програма дневно! Сето тоа се промени во децениите што следат токму благодарение на Ралф Баер.

Во тоа време твореше Ралф Хенри Баер (Ralph H. Baer) со животниот пат потполно аналоген на неговото дело: тоа е една бескрајна низа на пионерски електронски игри создадени во неговото слободно време, видеоконзоли и електронски играчки во кои е заробен неговиот вечен младешки ентузијазам, ослободен од секаков личен план, толку својствен за биографиите на големите луѓе. Тоа беше време кога светот требаше потполно да се преобликува за да стане разбирлив од денешен аспект, време кога иднината требаше да се смисли и обмисли. Многу подоцна, во 2007, во едно негово интервју, тој изјавил дека уште во 1951 го согледал фактот дека телевизорите можат да се употребуваат и за други намени освен основната, а во прв ред тоа би било нивна употреба како видеомонитори за прикажување разни содржини и апликации, па и за играње игри. Но, во фирмата во која работел, не наоѓал одобрување за своите замисли, па тој на своја рака почнал да изработува разни прототипи на игри – во своето слободно време. Со тоа станува основоположник на цела една гранка од индустријата и забавата - видеоигрите и видеоконзолите.

************

За жал, на 6.12.2014 на 92-годишна возраст, почина Баер со леткумот в рака и со грст идеи во главата. Во знак на почит, Емитер подготви две статии. Ова е првата статија и таа е посветена на неговиот живот и дело и на развојот на оригиналната игра Понг. Втората статија има за цел да го направи достапен до сите наши читатели капиталниот изум на Баер: Понгот, преку проектот кој ќе го најдете понатаму во овој број! Предлагам сите ние, со играње неколку сетови од оваа ретро игра, да му оддадеме вечна почит! Слава му!

Клучни зборови:

Ралф Баер вредно твореше и во деветата деценија од животот

Рекламна фотографија од '70-тите години за видеоиграта Понг

" href="https://emiter.com.mk/sites/default/files/sliki/napis/3_emiter_Brown%20box.jpg">

Оригиналниот "brown box" на Ралф Баер

Комерцијален оглас од '70-тите години за видеоиграта Понг

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-2/2015. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.