Рубрика: Аеронаутика
Скокови од работ на вселената
Автори: Јане Стефанов, Глигор Митковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11-12/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Да се притиснат границите во спортот, не е ништо необично. Целта на секој спортист е да го стори тоа преку посветена, напорна работа, и организирана подготовка. Тоа е наградата за вложениот труд. Да се биде најдобар во светот и да се претстави достојно својата татковина. Директен повод за овој текст е скокот на Алан Јустис (Alan Eustace), кој на 24 октомври оваа година направи скок од 41 420 метри, користејќи стратосферски балон, и со тоа го натфрли рекордот за најголема постигната висина на Феликс Баумгартнер (Felix Baumgartner) од пред 2 години.

Сè започнало во мислите на Леонардо да Винчи во петнаесеттиот век: возможноста да се забави слободниот пад со направа или популарната зборовна кованица падобран. Врз основа на неговите цртежи хрватот Фауст Вранчиќ во 1617 година скокнал од кула во Венеција. Заслугата за пронајдокот на првите практични падобрани е на Себастијан Ленорманд, кој го демонстрирал принципот на падобран во 1783 година. Од тоа време, значајна е улогата на Бланшар кој го развива првиот падобран што се пакува, направен од свила. Летеман и Паулус во 1890 година измислиле метод за пакување падобран во ранец што се носи на грбот. Во 1914 год., Бродвик го направи првиот скок со слободен пад. Падобранството како спорт започна во 1960 година, кога новите “спортските падобрани” за прв пат биле дизајнирани. Од тука почнуваат и спортските резултати и рекорди. Падобраните се подобрија, усовршија, но желбата да се притиснат границите остана во срцето на спортистите-падобранци. Според Интернационалната федерација за аеронаутика (Fédération Aéronautique Internationale -FAI), овој тип на рекорд содржи: најголема постигната висина, најдолг слободен пад, најдолг слободен пад со падобранче за стабилизација, најголема брзина при слободен пад, најголема брзина со падобранче за стабилизација. Овој рекорд не беше надминат речиси 52 години, а ете, во последните 2 години го скршија двапати.

Ален Јустис - упатување кон височините со метеоролошки балон

Човекот којшто прв успешно скокна од работ на вселената - Џозеф Китинџер

Феликс Баумгартнер го држеше рекордот за највисок скок речиси две години

Успешно приземјување на најновиот херој - Ален Јустис

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11-12/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.