Емитер 5/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Неколкумина наши читатели се обратија до редакцијата на ЕМИТЕР со прашање дали имаме електронска шема за Zapper, едноставен уред кој наводно ги лечи сите можни болести за само неколку минути?! Вчудовиден од ваквите наивни очекувања, направив подетално истражување за потеклото и историјатот на "магичниот" уред Zapper, неговата градба, функционалност и се разбира за најважното прашање – дали може да лекува тешки болести? Резултатот на истражувањето беше предвидлив и очекуван за мене.
На почетокот, скратена биографија и поента во само три реченици:
1. Хулда Кларк (Hulda Regehr Clark) во 1993 година ја објавила својата книга “Излекување на сите видови рак”, во која го опишала својот уред Zapper, со кој наводно потполно се излекува секој вид на рак за само неколку минути!?
2. Во 1999 година Хулда Кларк ја објавила својата книга “Излекување на сите видови рак во напреднат стадиум”, повторно со помош на Zapper и “правилна” исхрана.
3. Хулда Кларк во 2009 година починала од мултипла миелома – рак на коските и крвта!!!
И тука веднаш би можеле да ставиме точка на целата оваа глупост со Zapper. Но, иако претходно наведените три реченици (факти) ги има на интернет на секој чекор, па дури и на интернет-страниците кои со полна уста пофалби го промовираат (и продаваат) Zapper и метод-от на на Хулда Кларк за “излекување”, сепак во светот опстојува огромна бројка посветени Zapper следбеници, а секојдневно се испилуваат и нови. Шокиран сум од селективното слепило на тие луѓе – како е можно да не ја гледаат очигледната контрадикторност: Хулда Кларк тврди дека со својот Zapper за само неколку минути може да излечи секаков вид на рак, а самата таа умира од тешка форма на рак! Единствениот логичен заклучок е дека Zapper не лечи ништо. Следното што може да се заклучи е дека некои луѓе се неверојатно лесно поводливи, наивни и подложни на манипулации за “олеснување” на нивниот паричник, но и крајно мрзливи да ги отворат интернет-страниците на кои е разобличена лагата на Хулда Кларк. Тие страници се далеку само еден “клик”, дури и на Wikipedia има доволно податоци и факти да ѝ се изнасмееме на Хулда Кларк и на нејзиниот Zapper. Знам дека некои несреќници кои се разболеле од рак (или друга тешка болест) ќе се обидат буквално сè, па дури и најапсурдното, во надеж дека ќе најдат барем привремено подобрување. Не можам да се ставам во нивната кожа, но сепак би апелирал до нив да не си ги губат парите и времето на некорисни играчки (Zapper, хомеопатија, биоенергија...), туку да искористат сè што нуди современата медицинска наука.
Во текстот што следува детално ќе го разгледаме уредот Zapper и ќе ги разобличиме лагите на Хулда Кларк.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.