Рубрика: Медицина
Главоболка
Автор: Марија Сибиновска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Главоболката е најчеста од сите болни состојби. Според статистичките податоци од европски извори, секое петто лице има чести или постојани главоболки, за што е потребно дијагностицирање и лекување.

Под главоболка подразбираме чувство на болка во пределот на главата и во горниот дел на вратот. Секој човек барем еднаш во животот почувствувал главоболка па самото тоа ја оправдува изјавата дека таа е најчеста од сите болни состојби. Но, дали некогаш сте се запрашале што всушност нè боли? Мозочното ткиво, како и најголемиот дел од мозочните обвивки не се чувствителни на болка, додека пак, крвните садови се мозочни структури кои се најчувствителни, па какво било нивно поместување или истегнување предизвикува болка. Овие главоболки се со пулсирачки карактер и се влошуваат при кивање, кашлање или какво било друго напрегање. Причините за појава на главоболките се многубројни, но најчесто се резултат на замор, ненаспаност, стрес, долго читање, како и долго работење на компјутер и гледање телевизија.
Во текстот што следува ќе стане збор за разните типови главоболки со совети за терапија и превенција.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина