Рубрика: Информатика
Кога поштата повеќе не е приватна
Автор: Гоце Постоловски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Секому, па дури и на најдобрите може да им се случи да бидат хакирани и нивната е-пошта да стане видлива за оној кој се дрзнал да ја наруши нејзината приватност и тајност. Затоа без паника, откако штетата е направена, нема потреба од паника, туку веднаш треба да се преземат конкретни чекори за да се реши проблемот и да се поправи штетата. Во продолжение, еден патоказ во тој процес.

Старите велат "Подобро е да се спречи, отколку да се лечи". И во право се, навистина е така во теорија, но во практика се покажува дека ништо не е 100% сигурно и дека не постои начин сè да се предвиди.
Така е и со е-поштата, која за многумина од нас е секојдневна алатка за комуникација, како деловно, така и приватно. Иако е меѓу нас веќе многу години и речиси секој од нас има отворено најмалку по една корисничка сметка, а многумина и повеќе од тоа, а сервисите кои ја нудат ова услуга секојдневно се посигурни и посигурни, сепак континуирано сме сведоци на нови и нови случаи кога не само одделни сметки, туку цели бази на податоци од mail server биваат пробивани и одеднаш целата ваша комуникација (која може да биде и од чувствителна природа) станува јавна пред очите на оној што, популарно кажано, ја хакирал.
И што сега? Кои се чекорите што треба да ги преземете откако вашата е-пошта е хакирана, понекогаш и недостапна? Еве дел од нив во продолжението.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.