Емитер 5/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
49. државен натпревар на млади истражувачи од Република Македонија;
50. јубилеен државен натпревар на младите техничар и природници;
Хотел и скијачки центар во едно;
Чудната структура во пустината Сахара;
Пломби на иднината;
Кој е Брајан Крзаниќ;
Филип Илиевски со бронзен медал на менделеевската светска олимпијада;
Лебдечко компјутерско глувче за превентива од карпален синдром;
ATC Chameleon – камера со два објектива;
Гума од глуварче;
25А без ладење со новиот импулсен регулатор на IR;
RFID чипот ќе овозможува да се следи движењето на парите;
Shure FP33 3-channel stereo mixer;
Резервен мозок во стомакот;
Бесплатна замена за Matlab;
Shure SCM800 8-channel microphone mixer
25A без ладење со новиот импулсен регулатор на IR
Лидерот во областа на интегрирани кола за регулација на моќност, американската корпорација International Rectifier (IR) исфрли на пазарот ново ИК кое може да даде струја од 25A без да има каква било потреба од ладење. Новото POL ИК (Point Of Load – ИК кое се вградува во потрошувачот – една нова категорија ) под ознака IR3847 е со неверојатно мали димензии од само 5 x 6 mm и е предвидено за работа со влезни напони од 1,5 до 21 V и излезни напони 0,6 до 12V. Неговата работна фреквенција од 300kHz до 1,5 MHz, како и струјното ограничување можат да се нагодат софтверски. Новиот претворувач на повисок еднонасочен напон во понизок еднонасочен напон, има голем степен на полезно дејство благодарение на новата генерација МОСФЕТ излезни транзистори, како и новиот вграден контролер наречен Sup/RBuck, кај кој имаме можност да го нагодиме "мртвото време" со цел да се намалат загубите.
Повеќе информации на: http://www.irf.com/.
Емилијан Иљоски
Пломби на иднината
Убава вест за страшливците. А кој, пак, не се плаши и оди со задоволство на заболекар?! Но истражувачите велат дека одењето на стоматолог наскоро можеби ќе биде минато благодарение на напредок во технологијата во оваа област. Научници со помош на нанотехнологија ќе го создадат првото соединение за пломби кое ќе ги убива šштетните бактерии и ќе го регенерира оштетениот заб.
Наместо традиционалното ограничување на забниот кариес со класични пломби, новиот материјал ќе ги контролира šштетните бактерии кои живеат во колонии од микроорганизми во устата на човекот. Според студијата предводена од професорот Хуакун Зу (Huakun Xu) од Универзитетот за стоматологија од Мериленд, материјалот покрај тоа и ќе го реминерализира болниот заб.
– Распаѓањето на забот значи дека составот на минерали е растворен од органски киселини кои се создадени од бактериите што живеат во забниот камен во вид на наслаги на површината од забите. Овие организми ги претвораат јаглехидратите во киселини кои ја намалуваат количината на минерали во структурата на забот, го омекнуваат и го оштетуваат – вели Хуакун Зу.
Откако стоматологот ќе го отвори болниот заб и ќе го отстрани оштетениот дел од забот, во празнината и понатаму остануваат бактерии кои тој не може сосема да ги отстрани. Затоа истражувачите додале антибактериски агенс кој содржи наночестички од сребро во основата која се користи за затворање на празнината, а потоа во таа смеса додале лепак за пломбата да се залепи за забот. Пломбите направени со овој нанокомпозит, со антибактериска база и лепак, се очекува и да траат подолго од сегашните кои имаат век на траење од 5 до 10 години. Новиот тип пломба бил тестиран во лабораториски услови користејќи биофилмови од плунка дадена од доброволци.
Тимот на професор Зу планира да ја тестира пломбата на животински заби и доброволци во соработка со Федералниот Универзитет во Бразил.
Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.