Емитер 4/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Сигурно досега повеќепати сте се сретнувале со шеми на регулатори на бојата на тонот – во ЕМИТЕР биле објавени десетина такви проекти. Вообичаено, во тие проекти не се објаснува детално принципот на работа, а речиси никогаш не се даваат формули и упатства за пресметка/промена на вредностите на елементите. Причина за ова е редовниот недостаток на простор, но и претпоставката дека, за просечен електроничар-аматер, тие информации се непотребни или неинтересни. Но за сите оние електроничари-почетници кои се љубопитни и сакаат подлабоко да навлезат во електрониката, во овој напис следи детален опис за принципот на работа на двопојасните тонски контроли со три проверени шеми и упатства за промена на елементите.
Мошне често при пренос на звукот се случува да немаме рамна АФК која е неопходна за квалитетен пренос на сигналите. Причина за оваа непожелна појава е што некои делови од системите за пренос на звук немаат рамна АФК во целото чујно подрачје. Најчесто тоа се случува кај касетофоните, звучниците, како и поради акустичните особини на просторијата. Исто така, треба да се има на ум и тоа дека различни луѓе имаат различни афинитети во поглед на бојата на звукот, па некои сакаат повеќе басови, некои повеќе високи фреквенции итн.
Поради сите овие причини, речиси секогаш се јавува потреба за корекција на АФК на системите за пренос на звук, што се постигнува со т.н. регулатори на бојата на тонот, т.е. еквилајзери. Вакви корекции најчесто се потребни на ниски и високи аудиофреквенции (под 500Hz и над 5kHz) па затоа и најчесто користен еквилајзер е тон-контролата за ниски (BASS; LOW) и високи (TREBLE; HIGH) фреквенции. Денешните bass/treble тонски контроли најчесто се од типот Baxandall, именувани според аудиоинженерот Peter Baxandall, кој прв конструирал такво коло и го објавил во списанието Wireless World (денешен Electronics World) во 1952 г.
Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.