Рубрика: Информатика
Што беше што во 2012-та
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Зад нас е година во која, иако не недостигаа новитети, сепак не донесе доволно производи, нови технологии или решенија кои би биле доволна причина 2012-та да ја почестиме со атрибутот – револуционерна. Но, и не можеме да кажеме дека не беше интересна…

Овогодишниот CES покажа во кои насоки ќе се одвиваат работите во IT-сферата. Некои новини, додуша повеќе како концепти, веќе ги видовме и во изминатата година, но вистинската примена и развој следуваат во 2013-та, која тукушто започна.
Иако не донесе ништо револуционерно, сепак во 2012-та не ни беше здодевно. Ја дочекавме и "осумката" од Microsoft, платформата Android го покажа сиот потенцијал со четвртото издание (но без намера тука да запре!), таблетите полека ги потиснуваат во втор план лаптоп-системите во поглед на мобилноста и секојдневното користење (честа ја спасуваат ultrabook-системите), брзината на безжичниот интернет сè повеќе расте… Smarthphone-ите, пак, прераснаа во вистински рачни компјутери, особено оние со андроид-платформа, двојадрените процесори се веќе стандард, а тоа полека почнуваат да бидат и четиријадрените. Годинава во оваа категорија ќе дебитираат и 7-инчни диплеи. Каде е крајот? ќе видиме на крајот на оваа година, а тој е сè уште (пре)далеку.
Сè поголемата интелигенција на LCD-телевизорите им овозможи не само пристап на интернет, туку и директно поврзување со најпопуларните сервиси (Facebook, YouTube…). 3а 3D-можности и да не говориме, но сепак да истакнеме дека и покрај сето ова, цените на овие уреди се во паѓачки тренд. Се воодушевуваме на резолуцијата 4K, но оваа година пред нас ќе биде и 8K?!
На хардверската сцена ништо особено – сè се случи во рамките на очекувањата. Мртвата трка на Nvidia и AMD продолжува, картичките GeForce и Radeon се неприкосновени на пазарот, во поглед на перформансите се вртат во круг, а цените за кусо време им паѓаат. Пуста конкуренција и подметнување. Во поглед на процесорите и чипсетите за матични плочи, AMD ниту одблизу не може да му парира на Intel, чии IvyBridge-процесори поставија нови стандарди, како во поглед на перформансите, така и во поглед на умереноста на потрошувачката.
Дали ве фаќа носталгија за времето на старите добри Pentium "двојчиња" и "тројчиња", класичните монитори и CD-уреди, кои чинеа баснословни суми, а мобилките тукушто се појавуваа и беа престиж? И кога 56k-модемите беа репер за брзина на пристап кон интернет? А минаа само 11-12 години… како да беше вчера.
Како и претходните години, направивме своевиден пресек на сето она што на некој начин ја одбележа годината што измина, или пак е најдобриот производ во својата категорија.

Најновата генерација на Интел постави нови стандарди за процесорите.

Минатата година дефинитивно беше и година на подем за таблетите.

Sony Bravia KDL-55HX850

Panasonic HC-V700M.

Sony Cyber-shot RX100

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.