Рубрика: Електроника
Октавер за електрична гитара
Автор: Слаѓан Митиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/1995.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Октавер е електрично коло кое е наменето за добивање на еден многу интересен ефект за електрична гитара. Тој дава ефект како, покрај постоечката гитара, во придружба да свири и бас гитара. Ефектот се добива така што на оригиналниот тон се додаваат тонови пониски за една или две октави. Самиот ефект е необичен и битно се разликува од вообичаеното филтрирање или " fuzz" ефект.

Колото кое ви го препорачуваме е релативно едноставно и бидејќи не се потребни комплицирани подесувања, како ни некои скапи и недостапни компоненти, може да го направи и некој кој електрониката ја познава површно. Таквите читатели можат да го прескокнат "стручниот" дел од текстот и да го состават колото без да се задлабочат во начинот на функционирање. За поамбициозните е даден поширок опис на начинот на функционирање на колото, што може да им биде корисно.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.