Рубрика: Информатика
Avast! Internet security 7
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пред нас е седмата верзија на пакетот Internet Security, која носи низа новини во однос на претходната верзија. Збирот од нови опции и подобрувања придонесоа за севкупен многу добар впечаток и оправдување на довербата на корисниците кон чешкиот производител. Сепак, за целосна десетка и препорака треба да се отстранат воочените недостатоци.

Петтата генерација на AVAST! пријатно нè изненади со драстично поинаквиот пристап во креирањето на апликацијата и дијаметрално спротивниот интерфејс. Исмевањето на четвртата верзија и нејзиното споредување со апликацијата media player без сомнение беше иницијалната каписла за да се пресечат работите. За среќа, Чесите тоа навреме го сфатија и го направија. Од својата петта верзија па наваму, AVAST! жнее пофалби и е во самиот врв на најчесто користени антивирусни програми и пакети за интернет-заштита.
Во таа насока говори и фактот што и бесплатната верзија на антивирусната програма во ништо не заостанува во споредба со комерцијалната во поглед на ефикасноста и заштитата. Неколкуте дополнителни опции во најголемиот број случаи и не им се битни на корисниците со тенок џеб, или "штреберите", кои со задоволство се откажуваат од нив. Ова го напоменавме бидејќи е еден од најбитните фактори кои придонесуваат за популарноста на оваа апликација. И реално, мал е бројот на заштитни софтвери чии бесплатни верзии нудат речиси исто ниво на заштита како и комерцијалните, а неретко бесплатните верзии се временски ограничени. Кога сме кај временското ограничување, пакетот Internet Security на AVAST! и во неговата седма верзија може бесплатно да се испроба 30 дена, период во кој е целосно функционален. Бесплатна верзија, за жал, нема, но сепак би било и малку претерано да побаруваме и такво нешто, зарем не?
Да не должиме повеќе. Пред нас е седмата верзија на пакетот Internet Security, која носи низа новини во однос на претходната верзија. Дали тие се решавачкиот фактор за конечен избор од страна на корисниците? Читајте понатаму.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.