Рубрика: Физика
Радијација – Што е тоа?
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Може слободно да се каже дека најголем број заблуди се врзани токму со радијацијата, од интерпретација на нејзиното значење, па сè до магични пирамиди, чудотворни магнети и екстравагантни струи кои лечат сè по список, ги подобруваат апетитот и расположението па, ако треба, дури и убиваат! Оттука потребата да дефинираме што е тоа радијација и какви се нејзините ефекти врз нашиот организам.

Вистина е дека ние живееме во доба кога радијацијата е сеприсутна околу нас, не само поради огромниот број нуклеарни проби во изминатите 67 години, туку првенствено поради постојаното зголемување на радијацијата од телекомуникациските уреди или како резултат на примена во медицината и биотехнолошките испитувања, во науката и индустријата. Оваа сеприсутност, по логика, би требала да повлече поголем степен на осознавање на оваа физичка појава од страна на граѓанството. Напротив! Се чини дека оваа појава го зголемува бројот на шпекулации околу тоа што е радијација и кои се нејзините ефекти. Па, затоа во текстот што следува ќе се обидам во кратки црти да објаснам што е тоа радијација, какви типови радијација постојат и какви ефекти предизикуваат кај живите организми и кај човекот.

Клучни зборови:

Дејство на разните јонизирачки зрачења врз ткивата

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.