Рубрика: Историја и археологија
Исчезнати цивилизации - Хетити
Автор: Душко Бонев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Хетитското кралство е една од најраните и најнапредните држави во стариот век, а сепак во нашите учебници или одвај се спомнуваат или воопшто нема никаков напис за нив. Дали народот што му го даде железото на нашата цивилизација не заслужува повеќе внимание?

Најстарите забележани податоци за Хетитите се наоѓаат во Библијата, во Првата книга на Мојсеј (15,18-21). Од овој запис може да се заклучи дека Хетитите живееле северно од Ветената земја и биле староседелци многу пред да дојдат Евреите. Поради овој напис долго време научниците ги сметале за автохтон народ на овој простор без каков било физички доказ за тоа.
Откривањето на хетитската цивилизација започнува во првата половина на 19-ти век кога францускиот патник и археолог Феликс Мари Тексие (1802-1871) во 1834 година дошол до турскиот град Богазкале (антички назив Халис) и ја преминал реката Кизилирмак во потрага по античкиот град Тавиј. Истражувајќи ја околината на овој град дошол до едни урнатини кои имале правилни облици што укажало на постоење на некој разурнат град. Истражувајќи подетално, пронашол и слики на луѓе кои имале крила како христијанските анѓели, потоа наишол на статуи кои имале шилести капи и држеле непознати предмети во рацете, а на многу камења имало натписи кои личеле на египетските хиероглифи. Тексие мислел дека го пронашол античкиот град Тавиј, но всушност тој го пронашол главниот град на хетитската држава – Хатуша.

Ширењето на Хетитската држава

Релјеф во Хатуша на која е прикажан Тудхалија Четврти, син на Хатусилис Трети и последен силен крал на Хетитите.

Рамзес Втори во битката кај Кадеш - цртеж од храмот во Абу Симбел.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.