Рубрика: Медицина
Стереогледање и киклопско око
Автор: Милена Бојаџиска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Како нашиот мозок го конструира тродимензионалниот изглед на светот од сликите на мрежниците на двете очи? Одговорите беа малку уверливи, сè додека една неврофизикална теорија не обезбеди едно елегантно објаснување. Ќе се обидеме овие откритија на др. Ролф Д. Хенкел да ви ги пренесеме на еден поедноставен, популарен начин.

Дајте им на тригодишници цевка низ којашто можат да гледаат, една третина од нив нема да ја постават цевката пред едното око, туку точно во средината меѓу двете очи. Набрзо сфаќаме дека ова не е битно; кај секое десетто дете од четиригодишниците се сретнува оваа "киклопска" заблуда. Дури, ова било забележано и кај возрасните.
Грешката имаше метода: ние немаме око на коренот од носот, но нашиот мозок си конструира едно. Ова виртуелно око е едноставно невронско решение на еден проблем, што се појавува бидејќи светот го гледаме преку две очи.
Притоа се појавуваат две видувања од благо различни агли на гледање. Преклопете ги нив и повеќето предмети се појавуваат со двојни контури бидејќи поради перспективното поместување не настанува точно преклопување. Ова поместување содржи информации за оддалеченост на секојдневните предмети: колку што е тоа поголемо, тие се поблиску. Од овие две слики нашиот мозок конструира трета, што ги содржи информациите за оддалеченост. Тоа ја гради основата на просторното тродимензионално гледање.

Нашите две очи го гледаат светот благо различно.

Наклонот ја покажува оддалеченоста на предметот, колку што е поискосена линијата, толку предметот е поблиску.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.