Емитер 10/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ако насловот ве наведе да помислите дека можеби некој од репликантите од Блејд Ранер побегнал, или пак можеби Робокап дошол да и помага на нашата полиција, или пак, не дај боже, некаде низ времето допатувал Терминатор во нашиот град, ќе мора да ве разочарам. Вистината, за среќа е далеку попрозаична, но сепак поинтересна. Првиот киборг е професорот Кевин Ворвик кој во изминативе речиси две децении работи во сферите на истражување на вештачката интелигенција, биомедицинското инженерство, контролните системи и роботиката. Минатиот месец на покана од ФЕИТ тој зеде учество на конференцијата ЕТАИ и одржа предавање на тема "Кибернетските експерименти" кое го одржа во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информатички науки во Скопје. Во продолжение ви даваме кус преглед за она што ова предавање го опфати.
"Кибернетските експерименти" претставуваат одличен пресек на досегашната работа на професорот Ворвик во која тој се обидува електрониката да ја искористи за подобрување на човековите сетила и можности. Експериментите кои тој ги спроведуваше кон крајот на деведесетите години од минатиот век и почетокот од овој век во најмала рака може да се наречат неконвенционални, но од друга страна незамисливо иновативни. Предавањето за фокус ги имаше неговите четири клучни експерименти.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.