Емитер 9/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Науката перманентно ни открива несомнени научни вистини, но некои од нив се спротивставуваат на нашиот здрав разум и ни изгледаат неверојатни. Во овој серијал ви претставуваме поголем број такви "неверојатни" научни вистини. На ред се нови три неверојатни научни вистини: црните дупки се објекти кои најмногу го осветлуваат универзумот, рибите не се неми и во математиката сите вистини не можат да бидат докажани.
Црните дупки се објекти кои најмногу го осветлуваат универзумот
Да се потсетиме, црните дупки се објекти со екстремно голема густина на материјата згусната во мал волумен, што им дава огромна привлечна гравитациска сила на нивната површина, па од неа не можат да избегаат ни фотоните, доколку тие се приближат до неа преку една одредена граница наречена "хоризонт на настаните". Поради тоа тие објекти се невидливи, па затоа се наречени "црни дупки". Но, еве парадокс: супермасивните црни дупки се најмоќната "фабрика" за продукција на светлина во универзумот! Како е можно тоа кога тие се познати како "голтачи" на с# што ќе им се приближи, вклучувајќи ги и светлинските кванти, фотоните? Да, но фотоните завршуваат во црната дупка само доколку тие, движејќи се по својот пат, ја поминат границата "хоризонт на настаните", додека за разлика од нив, галактичката материја – ѕвездите и молекулите од маглините – паѓаат во црната дупка уште пред да го поминат "хоризонтот на настаните". Така паѓајќи тие се концентрираат на мал простор и како последица на тоа енормно се загреваат до температура од околу десетина милиони Целзиусови степени. Тогаш тие емитуваат зрачење во целиот електромагнетски спектар, почнувајќи од подрачјето на радиобрановите, понатаму преку целото видливо подрачје, и конечно во подрачјето на "X" и на "гама" зраците. Сега доаѓа најбитното: бидејќи сета оваа радијација потекнува од моментот пред материјата да ја премине границата наречена "хоризонт на настаните", фотоните емитувани при таа радијација го одбегнуваат паѓањето во црната дупка и побегнуваат во универзумот, па поради тоа радијацијата е видлива во сите нејзини спектрални подрачја. Така една супермасивна црна дупка, кога ја голта блиската материја продуцира светлина колку илјада милијарди сонца, што е 10 пати повеќе светлина од вкупната светлина произведена од некоја галаксија слична на нашата!
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.