Емитер 11/1996.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Досега многупати е пишувано за многубројни изведби на алармни уреди кои со силните сирени го заплашуваат и одвлекуваат од намерата сторителот, но оваа верзија на “тивок аларм” со сигурност ќе го одврати и најупорниот крадец. Класичните аларми кои го прекинуваат доводот на гориво или системот за палење, било да е тоа во стартерот на моторот, т.н. “анласер” или во самото палење, се веќе добро познати на крадците. Тие веднаш го бараат прекинот во електричното коло и понекогаш им успева да го премостат и да го “запалат” возилото. Уредот што овде ќе биде опишан прекинот на палењето го прави интермитентно, т.е. симулира квар во палењето, поради што моторот “кашла”, повремено “запалува”, па ненадејно престанува со работа. На тој начин крадецот не може да претпостави дека во возилото има аларм или намерен прекин во палењето, туку за неговото сознание тоа е дефект во палењето или карбурацијата. После неколку минути на безуспешни обиди и најупорниот крадец се откажува од ваквото “неисправно возило”.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.