Рубрика: Сеизмологија
Што се случи во Јапонија
Автор: Душко Бонев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Последните случувања во Јапонија ни даваат претстава за тоа колку опасни можат да бидат природните сили. Во суштина не се случи ништо ново. Земјотреси, цунами и хаварии на нуклеарна електрана во светот имало и порано. Она што е посебно страшно е нивната комбинација заедно. Ние сме осетиле и земјотрес и хаварија на нуклеарка, но како копнена земја малку знаеме за појавата на цунами. Што е цунами? Како настанува? Зошто е толку страшно?

На 11 март во 05 часот и 46 минути, Јапонија ја погоди еден од најсилните земјотреси досега. Овој земјотрес со јачина од 8,9 степени по Рихтер, со епицентар на 380 km североисточно од Токио, е петти по јачина земјотрес во светот од 1900 година до денес. Земјотресот предизвика цунами високо над 10 m, кое ги погоди североисточните брегови на Јапонија, поточно областа Фукушима. Земјотресот и цунамито предизвикаа голем број на жртви и огромна материјална штета. Исто така предизика хаварија на комплексот нуклеарни електрани Фукушима сместени на крајбрежјето на главниот град на оваа област Минамисоми, чиј епилог уште не се знае.
Зошто се случи ова? Јапонија е земја која има долга историја на земјотреси и цунами и важи за водечка земја во смисла на обезбедување од последиците од овие појави. Јапонија има едни од најстрогите (ако не и најстроги) нормативи за градење. Има развиен систем на предупредување како од земјотреси така и од појава на цунами. Има изградено голем број на заштитни објекти за заштита од цунами и сл. Немам подетални податоци за градбата на нивните нуклеарни електрани, но знаејќи го нивниот начин на работа можеме да претпоставиме дека се изградени со најдобрата можна технологија. Дури и самиот збор "цунами" е од јапонско потекло. Зошто се случи ова? Да ги разгледаме поединечно овие три фактори на катастрофата во Јапонија, т.е. земјотресот, цунамито и нуклеарните електрани.

Клучни зборови:

Начин на формирањен цунами

Систем за предупредување за цунами

Дел од катастрофалните разурнувања

Нуклеарната центарала Фукушима го загади околниот регион со радијација по цунамито.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.