Емитер 4/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти од електрониката. Се надеваме дека следејќи ги актуелностите од оваа област ќе успееме да ве приближиме кон новите трендови во електрониката, а со тоа ќе добиете и поцеловит увид во производството на "главните играчи" во оваа област со постојан подем. Во овој број ве информираме за новиот минијатурен GPS модул MAX-6, за чипот на Imec за дигитално радио, новиот MOSFET прекинувач од NXP, за издадениот каталог за системи за нанопозиционирање и диталните сензори за влажност од Servoflo.
Нов МОСФЕТ прекинувач од NXP
NXP, бившиот разгранок на Филипс (Philips) кој доби "самостојност" во 2006 година, сè повеќе изненадува со иновативни електронски компоненти. Овојпат се работи за единствениот во своја класа N-канален MOSFET со ознака PSMN0R9-25YLC.
Новиот транзистор има Rdson од само 0,99 mW при 25A, што претставува недостигната вредност во неговата област. Со максимална струја од 100A и работен напон од 25V, овој транзистор првенствено е наменет за автомобилската електроника и секаде каде се од битно значење неговите мали губитоци и брзите преклопни својства. Тој е лесно управлив со логичко ниво од 4,5 V на гејтот и се испорачува во новото куќиште на NXP, наречено LFPAK (SOT669). Ова куќиште е со навистина мали димензии (5 x 6,2 x 1,2 mm), но тоа дозволува максимална дисипација од дури 175W благодарение на иновативниот систем на приклучување на чипот со куќиштето.
Повеќе информации на:
http://www.nxp.com/.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.