Рубрика: Електроника
На измамите никогаш крај
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ова е мал додаток за електронската коцка објавена во еден од претходните броеви на ЕМИТЕР. Со овој дополнителен склоп се оневозможува злоупотребата на тастерот за "фрлање".

Да не видев со свои очи, не би поверувал. Имавме гости, меѓу кои и три мали дечиња. Никој не обрнуваше внимание на нив сè додека не изби "војна". Тогаш како еден од поискусните родители стапив на сцена со цел да им покажам на "оние новопечените" како се работи со деца. Во компјутерот сè уште ја имав симулацијата за електронската коцка, па на децата им предложив да ја "фрлаат" коцката и да ги собираат броевите што ќе се паднат, победник е првиот што ќе стаса до сто. Така ги ангажирав и жените и децата. Децата се занимаваа на компјутер, а жените се трансформираа во калкулатори. Работата набргу стана сомнителна. На најдобриот коцкар непрекинато му се паѓаа големи броеви и на секои две-три минути громогласно се фалеше дека победил. Го пропуштивме фудбалот, но откривме што се случува. Малиот неранимајко краткотрајно ќе го отпуштеше тастерот за "фрлање" (глувчето) и ако бројката не му се бендисуваше веднаш повторно го притискаше. Демек тој воопшто не го отпуштил, само нам така ни се гледа. За сè се виновни бабите и дедовците. Ги оставаат своите внуци на возрасните (читај родителите и нивните пријатели) токму тогаш кога на телевизија го пренесуваат најинтересниот натпревар. Згора на сè, сега треба да ве тормозам со моите пропусти во оригиналниот дизајн на електронската коцка :-) .

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1113

ИК: CD4093

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.