Рубрика: Автомобилска техника
Запознавање со лежиштата
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Лежиштата, во мајсторскиот жаргон популарно наречени "лагери", се една од поинтересните проблематики во машинството. Нема машина, уред или направа во која нема барем едно лежиште или, според моја слободна проценка, на околу 50% на прашањето: Во што се состои проблемот или во што е дефектот на машината, одговорот на мајсторите е дека се расипани (дотраени) лежиштата. Целта на текстов што следува е да се запознаеме со лежиштата и нивните основни видови.

Во принцип, проблематиката на улежиштувањето е испреплетена во целото машинство и не познава граници. Карактеристичен пример на машинството е автомобилот, па од тука и примерите кои ќе ги користам во текстов се земени од автомобилот и ќе се однесуваат на него, доколку не е поинаку назначено. Се подразбира дека сè што ќе биде кажано во текстов во врска со лежиштата важи и за сите останати машини, направи и уреди, сепак, лежиштата се универзални машински елементи.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.