Емитер 1/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Греењето на нафта беше актуелно во седумдесеттите години на минатиот век и тоа, пред сè заради нејзината многу ниска цена. Денеска тоа е скапо греење, непрактично и нееколошко, па нафтата е веќе заборавено гориво за оваа намена. Греењето на пропан-бутан гас, исто така, е скапо и неисплатливо. Греењето на природен гас (ЗГ) е она вистинското во ова време на опшата светска енергетска криза, но кај нас овој енергенс во овој момент е во зародишот на своето користење за греење на нашите домови.
Греењето на нафта беше актуелно во седумдесеттите години на минатиот век и тоа, пред сè заради нејзината многу ниска цена. Денеска тоа е скапо греење, непрактично и нееколошко, па нафтата е веќе заборавено гориво за оваа намена. Сепак, во изнудена ситуација и како резервна опција е добредојдено. Греењето на пропан-бутан гас, исто така, е скапо и неисплатливо. Цената е висока и не доаѓа предвид како економична опција за греење. Секако, во изнудени ситуации е добредојдено и ова греење. Греењето на природен гас (ЗГ) е она вистинското во ова време на опшата светска енергетска криза. Нуди чисто, евтино и еколошко греење. Иако кај нас овој енергенс во овој момент е во зародишот на своето користење за греење на нашите домови, сепак, ќе се осврнам на него презентирајќи ги светските искуства со цел да го приближиме до неговите потенцијални корисници.
Заедничкото за сите овие горива е што потекнуваат од утробата на земјината кора. А разликите помеѓу нив, по скоро сите параметри, се многу големи. Имено, потрошувачите се одвраќаат од користење на нафтата за било што (тоа најефикасно се прави со нејзината многу висока цена), а се стимулираат што е можно повеќе да го користат земниот гас (ЗГ) за било што (тоа најефикасно се прави со неговата ниска цена). Нафтата еколошки е неприфатлива за разлика од ЗГ. За нас во Македонија, ситуацијата со течниот нафтен гас (ТНГ) е малку несреќна: достапен е, еколошки е прифатливо неговото користење, но цената му е многу висока, а истовремено ЗГ е во зародишот на своето користење и потребно е уште многу време за помасовно негово користење. Со други зборови кажано: денеска во Македонија нафтата и ТНГ заради своите високи цени воопшто не се прифатливи за загревање на нашите домови, а ЗГ заради непостоењето на инфраструктура за негово дистрибуирање до нашите домови (познато е дека се избегнува неговото складирање во боци) во овој момент е недостапен за населението за греење иако цената му е прифатлива и е единственото рационално решение за загревање на нашите домови.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.