Емитер 12/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Гром од ведро небо! Старата добра изрека која сликовито објаснува неочекувана случка го доби своето полно значење на 9 ноември годинава. Сä уште под импресии од појавата на Radeon HD 6870 и 6850 картичките, во ситуација кога со нетрпение се очекуваше најновиот топ-модел на АМД – Radeon HD 6970, премиерата на најновата перјаница на Nvidia одекна како гром од ведро небо!
Во ред, Geforce GTX 580 се очекуваше, но, секако, не пред крајот на оваа година, па и по новогодишните празници. Помпезните најави кои претходеа на премиерата на GTX 480 пред нешто повеќе од половина година овојпат целосно изостанаа. Колку за потсетување, Geforce GTX 480/470 не ги исполнија сосема очекувањата. Прво, во поглед на цената – конкурентскиот Radeon HD 5870 беше осетно поевтин и покрај (не толку) инфериорните перформанси. Понатаму, во поглед на самите перформанси, очекувањата сепак беа поголеми. И последно – големата потрошувачка и загревање, несразмерни во однос на перформансите, се многу далеку поголеми од конкуренцијата од AMD. Имајќи го сето тоа предвид, со нетрпение се очекуваше премиерата на наследникот на двоецот GTX 470/480, особено на 480. Но, никој не претпоставуваше дека тоа ќе се случи толку рано.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.