Емитер 11/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Осмата по ред Технолошка конференција на Мајкрософт, ВИЗИЈА, која традиционално се одржува во хотелот "Александар Палас", како и досега ги обедини на едно место програмерите, ИТ професионалците, менаџерите и медиумите.
Освен што стана традиција, можеме да констатираме дека Microsoft ВИЗИЈА израсна во една од поголемите и поважни технолошки конференции во организација на Мајкрософт како локално, така и регионално. На осмото издание повторно земаа учество завиден број еминентни странски предавачи, некои од нив познати и од претходните конференции. Бројот на посетители на предавањата доволно говори за интересот и важноста на ВИЗИЈА.
Темите на овогодишната дводневна конференција, стандардно, беа поделени во три категории – Инфраструктура и безбедност, Деловни вредности и процеси/Општи сесии/Решенија и Развој на Софтвер/Интегрирани деловни решенија. Но, сепак главниот акцент беше ставен на Biz-Spark програмата наменета за фирмите кои го започнуваат бизнисот, а чија презентација се одвиваше во рамките на Innovation Forum, кој се одржува паралелно со ВИЗИЈА веќе четврта година.
Како и претходните години, предавањата за секоја тематска категорија се одвиваа во засебна сала. Да спомнеме некои од нив.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.