Рубрика: Информатика
Новата верзија на Kaspersky Security за Microsoft Office 365 достапна и кај нас
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 20.02.2019 - 12:30

3.5 милиони мејлови се праќаат секоја секунда. Доволен е само еден да го уништи вашиот бизнис.

Kaspersky Security за Microsoft Office 365 е значително поефикасна од стандардната заштита во Office 365, докажано преку независни тестирања.  Овозможува безбедна комуникација, без да влијае на продуктивноста.

Kaspersky Security за Microsoft Office 365  користи напредно хеуристичко, машинско учење и други технологии од следната генерација за заштита на е-поштата од спам, фишинг, малициозни прилози и непознати закани. Како и Microsoft Office 365 и тој е хостиран во облак. А како и сите производи од Kaspersky Lab, се заснова на најтестираните и најнаградувани решенија и нуди:

• Откривање и блокирање на спам, заштедувајќи време и ресурси. Во овој сегмент покажува стапка на ефикасност од 99,8%, повисока од основната вградена безбедност на Office 365*;

• Заштита од малициозен софтвер, малициозни URL адреси, фишинг и малициозни прилози при што има 99,6% стапка на откривање на малициозни датотеки (тестирано од Virus Bulletin);

• Како новина во овој пакет доаѓа можноста за скенирање на поштенското сандаче на барање, со што корисникот добива уште поголемо спокојство;

• Уште една новина е можноста за заштита на кориснички групи,во целост, со што се елиминира потребата од рачно да проверување на стотиците поединечни поштенски сандачиња;

• Администраторска контрола на сомнителни пораки; и

• Бришење на несакани прилози и масовни пораки

Како и сите досегашни решенија од Kaspersky, софтверот е едноставен за користење – нема дистрибутивни инсталации, нема дополнителни ресурси, хардвер и не е потребна дополнителна обука за ракување со него.

Новото решение Kaspersky Security за Microsoft Office 365 можете да го испробате веднаш штом ќе посакате. Проверете како новата верзија истовремено го одржува протокот на комуникација и ја чува вашата компанија заштитена од сајбер напади. Доволно е да ја посетите интернет страницата на Кабтел и да ја побарате вашата тест-копија тука

Водечката компанија за ИКТ решенија во Македонија Кабтел, веќе 17 години e генерален застапник за Kaspersky Lab. Повеќе информации за производот може да добиете на телефонот 02/3103-235 или пишете на kaspersky@kabtel.mk

 

--- комерцијален напис ---

Клучни зборови: