Емитер 7-8/1998.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Длабоката почит што постои кон нешто што е навистина квалитетно, како миксетите NEVE, ги става на висок пиедестал како и класичните микрофони. Голем број на NEVE миксети стари по 20 до 30 години сè уште се во добра состојба. Многу од нив ги има во САД, каде многумина од вљубениците, не жалејќи инвестиции за нивното одржување, прават од нив да вредат повеќе од многу нови миксети. Најголемиот дел од тонските миксети во МТВ се токму од фирмата NEVE, меѓутоа, само две се од оние стари и сè уште се во работа; останатите се од понов датум и со нова технологија. Од она што може да се чуе како главен фактор што го дефинира звукот е влезниот еквилајзерски модул; токму еквилајзерите кај старите NEVE миксети се обновуваат со додавење досега невидени, различни надворешни изгледи. Соочени со една ситуација во која многу луѓе даваат несразмерно големи пари за некој стар еквилизер отколку што се потребни да се направи таков нов, AMS NEVE презема чекор што неколку години пред тоа го направи AKG со C12: правење на реплика со истата спецификација, но нов и излезен од фабрика на чија контрола треба да се верува, со цена слична на бараните оригинали.
Посветеноста со која беше ова извршено е впечатлива. Беше одлучено дека новиот 1081C (C за Classic) треба да биде колку е можно поблиска копија на оригиналот; не треба ни да постои помисла од некакво “подобрување” во електрониката со модерни компоненти или методи на производство какви што сега постојат насекаде, за да не се промени бараниот звук. Досегот до кој овој процес беше опфатен како и внимателните истражувања при разработката на овој проект и неговата реализација, покажуваат дека перфекционизмот на NEVE сѐ уште е жив и добар. Во случајов, тој беше присутен благодарение на ветеранот на NEVE, Robin Porter, за кого 1081 станал некој вид пасија.
Механички, 1081C е директна замена без оглед на незнатните подобрувања на страничните плочи со цел да се оневозможи нивното свивање, така што тој сосема одговара на рамките во оригиналните миксети, при што модулите можат да се расклопат на делови или да бидат испорачани како надворешни, посебни уреди. Од таа причина, конекторот со 18 пина што се наоѓа одзади мора да биде идентичен и покрај тоа што беше тешко да се најде, па беше непропорционално скап.
Предната плоча е веднаш препознатлива. Секој детал од бојата е точно таков каков што бил, и кога ќе почнете да ги вртите сличните копчиња тешко е да се поверува дека се работи за нов уред, бидејќи овие контроли едноставно не можат да се најдат повеќе на новите уреди. Дизајнот е доволно стар за оние што порано не наишле на такво нешто, но брз преглед на контролите покажува дека тие одговараат на денешните стандарди. Самиот еквилајзер има четири опсега, со опсег на нагодување што и денес се чини дека е од основна важност. Секциите за високи и за ниски фреквенции можат да бидат превојни или селективни (peaking), а преклопната фреквенција се избира со назабениот алуминиумски надворешен прстен од контролното копче. Постојат два опсега за средните фреквенции со можност за избор на фреквенцијата, про што ширината на опсегот е контролирана само со копчето HI-Q. Контролите се комплетирани со финалните концентрични парови за филтрите за високи и за ниски фреквенции, повторно со префрлување на преклопните фреквенции.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.