Рубрика: Електроника
Двонасочен интерфон
Автор: Коста Карпузовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/1999.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Интерфоните се уреди кои во најголем број случаи се конципирани како еднонасочни. Со помош на специјалното копче кое се притиска кога сакате да зборувате се одвојуваат насоките помеѓу себе. Кај телефонските апарати, од друга страна, комуникацијата е двонасочна. Оваа погодност, на која сме веќе навикнати, беше основа за изработка на овој интерфон. Со овој уред можете слободно да зборувате и во моментите кога вашиот соговорник од другата страна го прави истото. Ова и понатаму останува непристојно, но додека се карате, веќе не морате да го чекате вашиот соговорник да заврши, за вие да почнете. Ова, се разбира, во "никој" случај не беше предвидено во почетната замисла за уредот. Но во долгогодишната употреба се покажа како многу корисно. Примената на интерфонот обично е поврзана со влезната врата, но можеме да го користиме и како врска помеѓу лабораторијата во подрумот и останатиот дел од светот (кујната, спалната ...), со еден едноставен двожичен кабел.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: 990205
 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.