Емитер 2/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Organic lightemitting diode (OLED) екраните се сметаат за "следно големо нешто" во технологијата за прикажување на слика, нудејќи посилни и пореални бои, голем контраст, ниска потрошувачка на енергија и подобар приказ на сликата од традиционалните LCD екрани. Оваа технологија може комплетно да ги исклучи пикселите при репродукција на црна боја, што резултира со извонредни темни детали и контраст во сооднос 1000000:1. OLED технологијата овозможува голема брзина на одѕив на пикселите при прикажување на брзи движења, кои се чести кај филмовите или 3Д игрите. За каква технологија, всушност, се работи?
OLED екраните сè уште се далеку од масовна употреба. Потешкотиите околу процесот на производство и цената на чинење се чини дека уште извесен период ќе бидат главна пречка во популарноста на ова решение. Sony XEL-1 е пример дека се работи за технологија која има низа предности над традиционалната LED технологија, но цената, која патем изнесува 2500 американски долари, мислам дека сега-засега е доволна причина за многумина да не се откажуваат од LCD и плазма телевизорите. Кога и дали воопшто оваа ситуација во иднина ќе се измени, останува да видиме.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.