Рубрика: Аеронаутика
F-15 Silent Eagle
Автор: Ивица Дамески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Развојот на верзијата F-15 SE треба да претставува бајпас за производството на оваа фамилија авиони, а воедно и последна верзија во која е вложен речиси максимумот за извлекување на најдобрите карактеристики од ова докажано одлично летало.

Во текот на септември 2008 год компанијата Боинг (Boeing) под закрила на тајниот проект Project Monty, во кој биле ангажирани 50 авиоинженери, започнува со значајно осовременување и модифицирање на ловецот-бомбардер F-15E, со цел да му се зголемат шансите за преживување на современото боиште. Во основа, овој проект за фамилијата авиони F-15 претставува значајно освежување, зашто од 1988 год кога F-15E беше воведен во воена употреба, не беше претставена ниту една нова верзија. За побргу и поевтино реализирање на севкупната зацртана програма, во проектот се инкорпорирани сите досега практично применети современи технологии, меѓу кои се и најсовремената авионика и дел од стелт технологијата. За практично реализирање на севкупната програма, компанијата Боинг го искористува леталото демонстратор F-15E1.
Откако е завршена првата фаза од проектот, на 17 март 2009 год на церемонија во Сент Луис на јавноста за првпат и е претставен прототипот F-15 SE (SE = Silent Eagle = Тивок орел), каде што се претставени неговите измени и нови можности.
Според плановите на компанијата Боинг, прототипот F-15 SE својот прв лет треба да го изведе најдоцна во првата четвртина од 2010 година. Додека производството би требало да стартува во 2012 година во фабриката на Боинг во градот Сент Луис.
Според плановите на компанијата Боинг, леталото F-15 SE првично е наменето за извозни потреби или како проект наменет за дополнително осовременување на леталата на странските купувачи кои веќе го користат авионот F-15.

Технички карактеристики:

Екипаж: 2 лица; Должина: 19,43 m; Височина: 5,63 m; Опсег на крила: 13,05 m; Површина на крила: 56,49 m2; Тежина (празен): 14 379 kg; Максимална полетна тежина: 36 741 kg; Погон: 2 турбомлазни мотори Pratt & Whitney F100-PW-229 со потисок од 79,18 kN, со форсажа 129,45 kN; Максимална брзина: 2 маха или 2,5 маха (во зависност од конфигурацијата); Крстосувачка брзина: над 1 мах (без оружја на крилата); Плафон: 18 900 m; Носивост: 13200 kg

 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.