Емитер 7-8/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Босанскиот Индијана Џонс - Семир (Сем) Османагиќ, кој себеси се опишува како босански Американец и слободен истражувач, со децении наназад бил во експедиции кои главно биле поврзани со археолошките локалитети на древните цивилизации во Централна и Јужна Америка. Особено внимание има посветено на скалестите пирамиди градени од Маите и Астеките во Мексико, Ел Салвадор, Гватемала, Хондурас и Костарика, нивната мистичност и значење. Во април 2005 година бил во посета на босанското гратче Високо во центална Босна, 30km оддалечено од Сараево каде што една случајна забелешка го навела во потрага на првата пирамида во Европа. Неговите сомнежи и теории во почетокот на оваа година го обиколија светот, привлекувајќи високи научни кругови од сите страни на светот, како и значително медиумско покритие. Сепак, скептицизмот сé уште преовладува во очекување на првите цврсти материјални докази за неговата теорија.
Семир неговата теорија ја поврзува и ја базира на неколку основи кои, до некаде, теоретски се издржани, меѓутоа сè уште се без цврсти материјални докази за постоењето на една вака древна и монументална градба во срцето на Босна. Неговата приказна засега се темели на визуелна перцепција, која ниту од далеку не може да послужи како доказ.
Артефактите во вид на камени топки се едни од засега најцврстите докази за Османагиќ дека постои поврзаност меѓу цивилизацииите и дека од тие причини има и основа за неговото тврдење дека во срцето на Босна постојат Европските пирамиди.Артефакти слични на оние од Костарика се откриени во срцето на Босна, односно камени топки кои се стари и по неколку илјади години, а на кои не им се знае ниту потеклото, ниту улогата.
Иако Османагиќ и неговито тим неуморно работат на проектот во потрага по цврст доказ, уште во почетокот на оваа приказна постои и страна која со скептицизам и на критички начин е поставена. Многумина тврдат деја оваа авантура на Османагиќ е шпекулација без научна основа и одговорност и го обвинуваат дека со своите ископувања врши и сквернавење и уништување на средновековни некрополи кои претставуваат национално богатство. Османагиќ трпи и ниски удари од типот на навреди како лажливец, сонувач, аматер, кој си наоѓа причини да патува низ светот, како и трговец кој заработува пари на база на наивноста на обичниот човек.
Згора на сето ова, постојат и неколку од други експери ископувања кои докажале дека навистина постојат камени плочи, но дека под тие плочи се наоѓа само земја и природен камен. Тоа значи дека Босанската пирамида е дело на природата, која луѓето можеби ја дооформиле и поплочиле?
Босанската пирамида на сонцето според неодамнешните проценки е еден од најуспешните проекти на заживување на босанското општество од времето на завршувањето на крвавите војни на просторот на Босна во деведесеттите години од минатиот век. Поттикнати од мистериозноста и значењето на едно вакво откритие ститици и илјадници луѓе желни за авантура се придружуваат во напорите за откривање на можниот комплекс пирамиди.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.