Рубрика: Макетарство и моделарство
Бродомодел Билјана
Автор: Перица Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4-6/2017.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Задоволството да се изгради сопствен модел и тој да заплови е навистина големо, особено за младите. Од тие причини, се одлучив во пресрет на летната сезона да опишам градба на еден многу едноставен бродомодел кој беше задолжителна задача на натпреварите за млади техничари. Се изработува од шпер плоча со помош на алатот од комплетите по Техничко образование.

Бродомодералството е техничка дисциплина со која се занимаваат голем број луѓе, повеќето поради забава и игра, а некои го прават тоа професионално. Доколку се градат бродомодели за натпревар, мора да ги задоволуваат најстрогите критериуми коишто се меѓународно регулирани, и преку натпревари, изложби, првенства и други манифестации да ги демонстрираат своите мајсторств, техничките и научните достигнувања од оваа област.

Лепење на страниците од бродомоделот

Бродомоделарството во светот е многу развиено и поради таа причина развиена е една голема индустрија за градење на полуфабрикати или готови – модели само да се стават во вода и да пловат. Сепак, задоволството да се изгради сопствен модел, и тој да заплови е навистина големо за секој млад човек, но и за возрасен. Бродомоделарството не знае за старосна граница, но мора да се води сметка за редоследот на градењето од почетнички модел кон сè посовршен тип на бродомодели. Од тие причини, се одлучив во пресрет на летната сезона да опишам градба на еден многу едноставен бродомодел. Инаку, и тој е еден од неизцрпниот асортиман бродомодели на Хоби Салон, на одамна починатиот ентузијаст, Јордан Ангеловски. Со извесни подобрувања, со успех е изработен како полуфабрикат од страна на вработените во Народна техника во Битола.

Главни елементи и материјали:

шпер-плоча 3-4 mm фурнир: 0,8 - 1 mm

 
Клучни зборови:

Лепење на страниците од бродомоделот

Сечење на основата


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2017. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.