Рубрика: Столарство
Изработка на електрична гитара (3): Составување на електрониката
Автор: Илија Трајкоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4-6/2017.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Последно продолжение од серијалот за изработка на електрична гитара во коешто ќе се фокусираме на составување и фино нагодување на гитарата. Со подготвеното тело и вратот за гитарата, останува да ги споиме, да го поставиме хардверот на телото и на вратот, како и жиците и електрониката.

 

Избор на кобилица

До овој момент на изработката според планот за гитара треба да имаме избрано тип на кобилица. Сепак, доколку сè уште немате избрано, постојат повеќе видови кобилици. За електричните гитари постојат многу типови кобилици и тие можат да се поделат на два главни типа, и тоа: фиксни и кобилици со вибратор. Во зависност од типот на кобилицата, соодветно треба да се направи лежиште или жлеб за неа...

 

Избор на намотки (магнети)

Намотките (или кај нас попознати како магнети или пикапи) се главниот технички дел на електричната гитара што може да го подобри или да го влоши квалитетот на звукот. Иако не сум експерт за акустика или електроника, со поставување различни брендови од ист тип на магнети на истата гитара забележав различна боја на тоновите на гитарата, како и на должината на траењето и јачината на тоновите. Магнетите главно се делат на единечни (Single Coil) и двојни (Double Coil, или попознати како Humbucker)...

 

Избор на модел за контрола

Речиси секој модел на гитара има свој систем за ожичување на магнетите и за проследување на сигналот до џекот за кабел. Електрониката и начинот на поврзување на патот на сигналот од магнетите до џекот му дава на гитаристот можност за фино нагодување на силата на сигналот, избор на извор (кој магнет е активен), како и подесување на бојата на тонот. Повторно во зависност од моделот на гитарата и од типот на магнетите што сте ги одбрале, треба соодветно да изберете и модел на ожичување...

Главни елементи и материјали:

Кобилица и магнети по избор; Потенциометри: 500 килооми

 
Клучни зборови:

Сместување на електрониката

Капак за страничен џек

Капак за кутија од задната страна

Капак за кутија од задната страна

Изработената електрична гитара заедно со гитарски засилувач


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2017. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.