Рубрика: Информатика
Foundation Framework – најдобрата responsive front-end framework
Автор: Трајче Рошкоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9-10/2016.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Foundation е бесплатна колекција на алатки за создавање веб-страници и веб-апликации. Тоа содржи шаблони за дизајн на типографија засновани на HTML и CSS-, формули, копчиња, навигација и други интерфејс-компоненти, како и дополнителни JavaScript проширувања. Ова е модерна рамка којашто е добро изградена и која се грижи за широк спектар на корисници. Таа нуди добар сет на функции, бесплатна е и постои растечка заедница на луѓе кои може да ви помогнат доколку заглавите со некој проблем во кодирањето.

За полесно да објасниме што е Foundation Framework и зошто токму таа е првичниот избор на голем број дизајнери и девелопери, треба да објасниме што е тоа “responsive front-end framework”. Една responsive framework содржи голем број JavaScript датотеки и библиотеки, CSS датотеки коишто содржат преддефиниран код и основни HTML датотеки. Оваа комбинација на однапред дефинирани датотеки се користи за поддршка на развојот на статични или динамички веб-страници или апликации. Овие датотеки ја контролираат интеракцијата со уредите, т.е. реагираат на големината на екранот од уредот којшто се користи и го прикажуваат соодветниот изглед на сајтот/апликацијата што одговара на таа големина на екранот. Тоа значи дека еден сајт/апликација ќе има еден изглед кога се прикажува на компјутер, а друг кога се прикажува на некој мобилен уред.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9-10/2016. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.