Рубрика: Архитектура и градежништво
Топлинска изолација на надворешни фасадни ѕидови (1)
Автор: Петар Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9-10/2016.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Од местоположбата на топлинската изолација во некоја градежна конструкција, во голема мера зависи енергетската ефикасност на конструкцијата и, генерално, на целата зграда, во зависност и од останатите конструкции во нејзиниот состав. Од градежно-физички аспект, единственото правилно место на изолацијата е од надворешната страна на конструкцијата. Кога станува збор за надворешните фасадни ѕидови, главно постојат два система: вентилиран и компактен. Компактните системи КСиНТИ (ETICS) имаат солидна поддршка во стандардите и соодветните европските организации.

ЗА СЕРИЈАЛОТ: Во неколку наредни броеви на ЕМИТЕР, подетално ќе ја анализираме проблематиката на топлинската изолација на надворешните фасадни ѕидови, со краток осврт на различни системи во однос на местоположбата на изолацискиот слој и со фокус на најпопуларниот и најчесто применуваниот систем за надворешна контактна топлинска изолација, според македонските стандарди (МКС ЕН ИСО), именувани како Композитни системи за надворешна топлинска изолација (КСиНТИ), или на англиски, External Thermal Insulation Composite Systems - ETICS. Ќе биде прикажана важечката македонска и европска регулатива што се однесува на КСиНТИ (ETICS). Ќе бидат разгледани градежно-физичките појави во одделните компоненти на системот од аспект на меѓусебната компатибилност и долготрајноста на системот, потоа најчестите грешки што се јавуваат при неправилна изведба на системот, дилемите во врска со отпорноста на системот на пожар врз основа на експандиран полистирен (стиропор), оптималната дебелина на изолацискиот слој од аспект на економска оправданост и периодот на враќање на инвестицијата (паѕбацк период), придонесот во борбата со климатските промени (намалување на емисијата на CO2) и други споредни, но не и помалку важни информации.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9-10/2016. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.