Рубрика: Астрономија и астронаутика
Планетоиден прстен помеѓу Сонцето и Меркур?
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во просторот помеѓу Сонцето и планетата Меркур постои наполно празна стабилна зона, што за астрономите претставува чуден исклучок, бидејќи се знае дека сите други стабилни зони во Сончевиот систем се запоседнати со нешто! Но, дали оваа зона е навистина исклучок, или може би и во неа орбитира некое небеско тело, кое досега останало неоткриено?

Најнапред да објасниме што се тоа стабилни зони. Тоа се простори во Сончевиот систем во кои објектите, формирани при раѓањето на системот, се способни да опстанат во стабилни орбити со милијарди години без да може гравитацијата од други постоечки објекти да ги оттурне надвор од стабилната зона, па ние ги гледаме нив и денес на нивните орбити. Денес се знае дека сите стабилни зони во Сончевиот систем се запоседнати од различни небески тела: планети, планетоиди, комети, грутки од карпи, прашина... . Но, сепак, постои и една тотално празна стабилна зона, која не е запоседната со ништо, што за астрофизичарите претставува нападен исклучок. Таа зона лежи во просторот помеѓу Сонцето и планетата Меркур. Но, дали оваа зона е навистина исклучок во Сончевиот систем или можеби и таму се крие некое небеско тело, кое до сега останало неоткриено? Да се потсетиме, до 1801 год. се мислеше дека просторот помеѓу Марс и Јупитер е празен, а до 1990 год. за празен простор се сметаше и просторот зад планетата Нептун (Кујперов појас), но денес се знае дека таму орбитираат милиони планетоиди, односно комети. Па, дали и просторот помеѓу Меркур и Сонцето ќе ја доживее истата судба?

Клучни зборови:

Осенчената површина индицира регион каде што небеските тела, познати како вулканоиди, можат да бидат скриени.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.