Рубрика: Информатика
Norton 360 v5
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Заштитата на компјутерот од каква било опасност која доаѓа од разни малициозни програми, е од големо значење за секој што се грижи за доброто здравје на својот компјутер. На пазарот денес има навистина голем избор антивирусни програми или, пак, софтверски пакети кои овозможуваат заштита од секаков вид опасност која демне од "чудото" наречено Интернет. За тоа кој производител нуди најдобар софтвер, овдека нема да дискутирам од едноставна причина што најголемиот дел од нив се со слични перформанси и сосема добро ќе ја завршат работата. Но, јас сум од оние што имаат свој фаворит и не се откажуваат од него лесно. Се работи за производите на компанијата Symantec, чиј корисник сум од самите нивни почетоци. Во нивната гама на производи, има софтвер за сечиј вкус и за сечиј џеб. Овој пат мојот избор падна на софтверскиот пакет Norton 360 v5.

Се работи за пакет кој во себе ги инкорпорира верзиите Norton Antivirus 2012 и Norton Internet Security 2012 и, се разбира, има дополнителни опции. Морам да напоменам дека и со претходно споменатиот софтвер на Symantec, добивате одлична заштита со која вашиот компјутер ќе биде целосно заштитен. Разликата јас, лично, би ја дефинирал во нијанси кои за обичниот корисник и немаат некое круцијално значење. Но во тој случај, ќе ви биде потребен одреден дополнителен софтвер за да ја постигнете функционалноста на Norton 360.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.