Рубрика: Аудио и видеотехника
Субјективно аудио
Автор: Горан Жежовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Музиката е субјективен трансфер на емоции и мисли, а не некоја научно-техничка категорија која се мери, па потоа изразува со бројки. Ова веднаш ги поларизира луѓето на субјективисти и оние другите кои единствено им веруваат на измерените резултати.
Вакви написи (Субјективно аудио) може да има и понатаму, а и не мора. Убаво е да се развие борба на мислења која сигурно ќе даде свои резултати. Како што знаеме се е релативно па така може сите да сме во право и никој да не е. Важно е да се сака музиката и да се отфрли оној натпреварувачки карактер бидејќи ова не е спорт. Зошто мора да има само едни најдобри звучници или CD плеер? Не се оптоварувајте со тоа - слушајте музика и уживајте. Еден ден сами ќе сфатите што е најдобро за вас, што ви ја движи ногата во ритамот на музиката и ви прави пријатна насмевка.

High Fidelity (Hi-Fi) предизвикува голема збрка кога од огромниот број компоненти треба да се одберат неколку за еден домашен аудио систем. Најдобро е ако за почеток се одлучите за три основни работи:
1. извор на вашата музика (во денешно време тоа е воглавно CD плеер),
2. засилувач,
3. пар звучници.
Постојат неколку начини да дојдете до правилен избор, но два се најсигурни:
- Првиот начин е да земете десетина (или повеќе) броја од некое познато светско аудио списание и да ги прочитате од почеток до крај, бидејќи на почетокот сé е важно. После тоа посветете им внимание на тестовите. Читајте полека и внимавајте на деталите.
- Вториот начин е да се консултирате со некој од експертите во областа на аудио репродукцијата. Но, никако не значи дека човекот што продава аудио техника го заслужува епитетот експерт.
High Fidelity можеби и е наука, но не егзактна. Има доволно работи кои оставаат нејасности и простор за борба на мислења. Моето и вашето мислење можат да бидат различни (спротивни), а сепак исправни. Затоа ви советувам да го одберете оној звук кој вам ви се допаѓа, кој за вас е добар. Треба исто така да знаете дека тоа што сте го одбрале, што е добро за вас, не мора да е добро по некои познати аудио стандарди.
Направена е добра споредба: личност која сака апстрактна уметност, вредноста на некоја апстрактна слика може да ја оценува според различни критериуми, од различни аспекти, но споредувањето со оригиналната сцена (од која потекнува инспирацијата) не е еден од нив. Ако се оценуваше fidelity (верноста со оригиналот) тогаш оценката би била дека се работи за многу неуспешна копија. Од ова произлегува прашањето: дали High Fidelity може или треба да биде подобар од реалната музика?

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.