Емитер 9/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Златниот пресек (размер) - лат. sectio aurea - е однос на деловите на некоја отсечка кај која односот на целата отсечка кон поголемиот дел е еднаков на односот на поголемиот дел кон помалиот (на пр. 13:8, 8:5). Според некои емпириски естетичари златниот пресек (1.6180339887...) е стар колку и самата природа. Златниот пресек, според нив, е математичка величина, своевиден сложен код, со кој природата ги обликува лисјата, школките, инсектите, животните, торнадата, човекот, галаксиите и, на крајот - себе самата. Златниот пресек со своите хармонични релации го условува чувството за убавина. Го “откриле” (подобро би било да се каже: го воочиле) уште старите Грци, иако бил познат и во древниот Египет и уште порано, што го докажуваат величествените пирамиди, но и многу други извонредни градителски достигнувања на Стариот век (митските Светски чуда, на пример). Како од памтивек, така е и денес: златниот пресек е заслужен за најубавите дела што ги создава природата, како и човекот, од уметноста до архитектурата. Денес златниот пресек во пракса најмногу се употребува во графичката индустрија, каде односите на големините на страниците на книгите често се одредуваат по начелото на златниот пресек.
Затоа фактот дека златниот пресек нашол примена и во аудио техниката не треба да се смета за нешто необично. Чудно е можеби само тоа што тоа не се случило и порано. Бидејќи не треба посебно да се објаснува дека на музиката (за чија репродукција служат аудио уредите), како можеби на ниедно друго дело на човекот, и е важна хармонијата.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.