Рубрика: Информатика
ЕМИТЕР ИТ AWARDS 2010
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Традиционално, на почетокот на новата сезона правиме пресек на настаните кои ја одбележаа годината која штотуку замина. Како и минатите години, се исправивме пред дилемата – кои производи и настани да влезат во потесниот избор на настан/производ на годината? Решивме изборот повторно да го направиме по категории, со тоа што додадовме неколку нови, споредено со минатата година. 

Зад нас е уште една година богата со настани во сите области на информатичката технологија. Впрочем, не знаеме и како поинаку би можело да биде – барем во оваа област не недостасуваат идеи, не недостасуваат пари (и покрај сè уште чувствителните последици од глобалната криза), не недостасуваат купувачи. За среќа, политиката (локална или глобална, сеедно) тука нема влијание, па барем во оваа област нема поделби, барем не по таа основа.
Поделбите се во поглед на процентуалното учество на пазарот. И добро е што е така – постоењето на конкуренцијата овозможува држење на цените на разумни нивоа (па и нивни чести падови), постојана трка во развојот на нови технологии или оптимизации на постоечките, сè со цел први да му понудат на купувачот нешто ново. И да му ги извлечат парите, нормално.
"Играчите", главно, се исти и оваа година – Intel, AMD, Microsoft, Linux заедницата, Adobe, Apple, Google...списокот е долг, па немаме намера да ги презентираме целиот. Впрочем, и самите го знаете. Како и минатите години, се исправивме пред дилемата – кои производи и настани да влезат во потесниот избор на настан/производ на годината? Решивме изборот повторно да го направиме по категории, со тоа што додадовме неколку нови, споредено со минатата година. Најголемиот дел од "лауреатите" од сите категории своевремено си пронајде свое место во 11-те изданија на ЕМИТЕР од 2010 година. Сега, да ги видиме сите на едно место.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.