Рубрика: Информатика
Kaspersky прогласен за бренд на годината на World Branding Awards
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 27.01.2020 - 12:15

Kaspersky го доби признанието Бренд на годината во категоријата Антивирусен софтвер од страна на World Branding Awards. Компанијата беше признаена како бренд на годината според уникатниот процес на оценување и гласање на настанот организиран од World Branding Forum.

Церемонијата за доделување на наградите, која се одржа во Кенсингтонската палата во Лондон, на 14 ноември, им оддаде признание на најдобрите брендови во светот и нивните достигнувања. Настанот беше одлична можност за глобалните брендови да се соберат на едно место и да научат уште повеќе за нивните успеси.

Самиот процес на оценување се состои од три дела: оценување на брендот, јавно гласање и истражување на пазарот на корисници. World Brand Forum врши финансиска проценка базирана на анализа на моделот на приходи и ја пресметува оценката на пазарот за секој од номинираните брендови. Јавноста исто така имаше удел во оценката преку онлајн гласање. Токму со таков процес Kaspersky беше прогласен за навистина извонреден бренд.

Kaspersky годинава изврши ребрендирање со цел да го ажурира својот визуелен идентитет, како и филозофијата на компанијата. Новиот бренд е одраз на визијата на компанијата за иднината и пристапот кон работата – Kaspersky не е повеќе само лабораторија за антивирусни програми, туку станува технолошки лидер, со напредно и сеопфатно портфолио на безбедносни решенија и услуги. Новиот бренд исто така е знак за еволуцијата на компанијата и поместувањето на фокусот од сајбер безбедноста на креирањето конектирани безбедни системи и на тој начин поставува повисоки стандарди за во иднина.

Пресреќни сме што го добивме признанието Бренд на годината. Тоа е до толку поважно за нас, затоа што се случува во година кога Kaspersky се ребреднираше. Светот денес е многу поинаков и ние мора да се развиваме за да ги задоволиме потребите, но и за во иднина. Тоа значи дека нашето ребрендирање не е само промена на логото, туку промена на филозофијата по која се водиме во секој аспект од бизнисот. Ние градиме побезбеден свет, имун на сајбер заканите. Свет каде што луѓето и организациите можат да ѝ веруваат на технологијата да го подобри светот, свет каде што производите и услугите на Kaspersky помагаат во тоа“ вели Ендрју Винтон, потпретседател на маркетинг во Kaspersky.

Добивме одлични рекации од нашите партнери и корисници за ребрендирањето. Уверени сме дека овие промени ќе им дадат повеќе причини на нашите партнери да ги развиваат своите бизниси во соработка со Kaspersky и да градиме нов пат за нашата компанија и за иднината“ додава тој.

Компанијата соработуваше со неколку агенции при креирањето, развојот и имплементацијата на ребрендирањето. Wunderman Thompson, креативна, дата и технолошка агенција, помогна во креирањео на платформата за брендот и на филозофијата која стои позади Bring on the Future. Новиот визуелен идентитет и логото, пак, ги креираше агенцијата Moving Brands, која помогна да се пренесе искуството во креирање врвен софтвер, кој е коренот на компанијата, со истата посветеност.

Кабтел Дооел е долгогодишен Платинум партнер на Kaspersky за Македонија.


За повеќе информации за новата филозофија на брендот Kaspersky посетете ја интернет страницата на компанијата.

Клучни зборови: