По речиси три децении на 12 август од тлото на Европа повторно можеше да се набљудува целосно затемнување на Сонцето, при што милиони луѓе имаа ретка можност да го доживеат денот претворен во ноќ. Милиони други пак, што не беа на линијата на тоталитетот, имаа можност да набљудуваат делумно затемнување на Сонцето. Во продолжение ви нудиме избор на прекрасни фотографии од овој спектакуларен настан, направени од просторите на Македонија, Европа, па и од вселената.
Еве го нашиот избор на најдобри фотографии

Членови на Скопското астрономско друштво отпатуваа во Шпанија за да може да го набљудуваат и да го споделат со сите нас спектаклот на целосно затемнување на Сонцето. Оттаму и оваа фотографија на тоталитетот направена од нив

Стојан Стојановски од Охридското астрономско друштво успеа да ги направи овие две прекрасни фотографии од затемнувањето на Сонцето, како што тоа изледаше на зајдисонце од Охрид, Македонија

Максимумот од затемнувањето над Англија, фотографиран од Националниот парк Саут Даунс (ОК) во 19 часот и 14 минути по локално времефото: Ивана Пераниќ, со камера ZWO 585mm и соларен телескоп LUNT LS40THa/B600 h-alpha

Во Харогејт, Велика Британија, Ендрjу Хокс го фотографирал неговиот пријател кој летал со парамотор за време на затемнувањето на сонцето на 12 август 2026 година

Лорен Хоџсон-Кинг го фотографирала затемнувањето на Сонцето во моментите по тоталитетот, додека сенката од Месечината полека го напушта дискот. Фотографирано на 12 август 2026 година од Мајорка, Шпанија со DSLR фотоапарат од Canon

Оливер Штилер го фотографирал целосното затемнување на Сонцето над Мајорка, Шпанија користејќи фотоапарат Leica

Целиот спектакл масовно се следеше, за што сведочи и оваа фотографија од Грејам Прескот во Мајорка, Шпанија, направена со паметен телефон

Сезар Караседо го фотографирал целосното затемнување на сонцето од Сера до Кареон во Галиција, Шпанија и успеал да го фати авионот што поминува пред него! При тоа користел фотоапарат Nikon D7000 со објектив Nikkor 55-200 на 180 mm и експозиција: f/8, 1/60, ISO 100. Сликата е обработена во Lightroom

Уште една астрофотографија со парцијално затемнување набљудувано од Велика Британија. Сара Фишер ги направила овие слики од затемнувањето на Сонцето, користејќи паметен телескоп Seestar S50 Smartscope и паметен телефон

Некаде околу 90% покриеност на сончевиот диск можеше да се набљудува над Англија Фото: Џејмс Кросли

Композитна слика од затемнувањето на Сонцето над Шпанија Фото: Хосе Родригес Кастрохерис

Делумно затемнување на Сонцето набљудувано од Аспра, Сицилија, Италија. Фотографирано од Тереза Молинарово 19 часот и 47 минути по локално време со фотоапарат Nikon D7500 и објектив Nikkor. Експозиција: 1/800s f/20 ISO 125, еден кадар

Левo: Уште една фотографија на делумно затемнување видено од Сицилија, направена во 19 часот и 57 минути по локално време при покриеност на сонцето од околу 21%. Фотографија на Џовани Миљориси со фотоапарат Nikon D780 и објектив Tamron 150-600mm на 600 mm. Експозиција: 1/320s, f/7, ISO 100. Обработено во Photoshop; Десно: Затемнувањето видено од брегот на Мајорка, Шпанија. Фотографија на Џејмс Вудс направена со фотоапарат Sony A6600, објектив Sony 70-350mm G со експозиција 1/1000s, f/8, ISO 640. Обработка на фотографијата во Lightroom Mobile

Композитна слика од делумното затемнување набљудувано од Англија. Фотографија на Клои Гарвуд направена со фотоапарат Canon EOS 200D DSLR, објектив Canon EF 100-400mm f/4.5-5.6L IS II USM, аматерски изработен соларен филтер. Обработка на фотографиите во Lightroom

Лево: Делумното затемнување на Сонцето видено низ облаци, фото Кетрин Потер од Велика Британија користејќи паметен телефон Google Pixel 6; Десно: Уште една прекрасна “облачна” фотографија од затемнувањето направена од Розалинд Хендри од Велика Британија. Фотографијата е направена iPhone

Џин Кален од Магнус, Мерсисајд, Велика Британија ја снимил сенката од затемнувањето на сонцето преку цедалка користејќи iPhone

Композитна слика од затемнувањето над Шпанија фото: Ванг Летијан

Делумното затемнување на Сонцето видено од просторите на Србија фото: Астрономски магазин, Ј. Грња

Фотографија планирана со години однапред

Еклипсата видена од вселената. Фотографија направена од сателитот Meteosat-12 на ЕСА, 12 август 2026, 18 часот (UTC)
Дали имате и ваш фаворит? Поставете ги вашите омилени фотографии од овој астрономски настан во коментар на Фејсбук во објавата за овој напис

Целосното затемнување на Сонцето фотографирано од Јоел Таеб во близина на замокот Пењафиел во покраината Ваљадолид, северно-централна Шпанија.

Стојан Стојановски од Охридското астрономско друштво успеа да ги направи овие две прекрасни фотографии од затемнувањето на Сонцето, како што тоа изледаше на зајдисонце од Охрид, Македонија

Лорен Хоџсон-Кинг го фотографирала затемнувањето на Сонцето во моментите по тоталитетот, додека сенката од Месечината полека го напушта дискот. Фотографирано на 12 август 2026 година од Мајорка, Шпанија со DSLR фотоапарат од Canon

Сезар Караседо го фотографирал целосното затемнување на сонцето од Сера до Кареон во Галиција, Шпанија и успеал да го фати авионот што поминува пред него! При тоа користел фотоапарат Nikon D7000 со објектив Nikkor 55-200 на 180 mm и експозиција: f/8, 1/60, ISO 100. Сликата е обработена во Lightroom

Делумно затемнување на Сонцето набљудувано од Аспра, Сицилија, Италија. Фотографирано од Тереза Молинарово 19 часот и 47 минути по локално време со фотоапарат Nikon D7500 и објектив Nikkor. Експозиција: 1/800s f/20 ISO 125, еден кадар

Уште една фотографија на делумно затемнување видено од Сицилија, направена во 19 часот и 57 минути по локално време при покриеност на сонцето од околу 21%. Фотографија на Џовани Миљориси со фотоапарат Nikon D780 и објектив Tamron 150-600mm на 600 mm. Експозиција: 1/320s, f/7, ISO 100. Обработено во Photoshop