HD радиото (кратенка аналогна од ТВ со висока дефиниција – HD TV) е дигитална радиотехнологија што ги подобрува традиционалните AM/FM емитувања со појасен звук без статички електрицитет (речиси со CD квалитет на FM, а AM звучи како денешниот FM), дополнителни подканали (HD2, HD3, итн.) за повеќе содржини и услуги за податоци како наслови на песни, информации за изведувачите и итни известувања, сите преку постојните фреквенции без потреба од посебна претплата. Тоа е дигитална надградба што го одржува аналогното радио во функција, нудејќи побогат звук.
Првенствено се користи во САД, Канада, Мексико, Филипини и во делови од Азија.
HD радиото е веќе присутно во многу потрошувачки уреди – автомобили, Bluetooth звучници, десктопи, телефони (на Филипините). Со повеќе од 2900 станици коишто активно емитуваат HD радио и повеќе од 115 милиони автомобили опремени со HD радиоприемници, оваа технологија не е веќе прототип.

За радиодифузијата во Индија веќе пишувавме во неколку наврати, особено за воведувањето на системот DRM (Digital Radio Mondiale). Изјавата на Питер Селер (Piter Seler), виш директор за технолошка стратегија и стандарди во Xperi, матичната компанија на HD радио кажува нешто револуционерно за индиската радиодифузија.
Тој вели: “Индија е на работ на драматична трансформација. Со објавувањето на своите “Препораки за формулирање политика за дигитално радио емитување за приватни радиодифузери” од страна на Телекомуникацискиот регулаторен орган на Индија (Telecom Regulatory Authority of India - TRAI), сцената е поставена за смела еволуција – таква што добро се усогласува со глобалните дигитални трендови. Меѓу неколку одржливи дигитални стандарди, сметаме дека HD радиото се појавува како јасен предводник, исполнувајќи ги сите барања што ги наведе TRAI, а технологијата веќе напредува на глобалниот пазар. Визијата на Индија за дигитално радио TRAI ја објави преку препораки во октомври со цел да го модернизира FM емитувањето низ цела Индија. Планот воведува симулкаст модел кој овозможува еден аналоген FM канал заедно со три дигитални подканали и еден канал за податоци на иста фреквенција. Исто така, се бара единствен технолошки стандард за да се избегне фрагментација и да се поедностави производството на приемници. На постојните радиодифузери им се нуди можност да лансираат дигитални услуги на доброволна основа користејќи ги нивните тековни FM фреквенции, а аукција за 13-те најголеми урбани пазари ќе обезбеди 15-годишни лиценци со услов за лансирање дигитални услуги во рок од две години. Дополнително, TRAI нагласува вклучување на услуги за податоци како што се мета податоци, ажурирања на сообраќајот и итни предупредувања''.