Рубрика: Астрономија и астронаутика
Курс по астрономија за деца
Објавено на 15.04.2026 - 14:00

Нашите пријатели од Скопското астрономско друштво повторно организираат Курс по астрономија за деца чијашто цел е приближување на астрономијата кон децата на возраст од 6 до 12 години.

Курсот е планирано да започне на 27 април (понеделник) и да опфати 8 предавања, работилници и доделување на дипломи коишто би се организирале двапати во неделата (секој понеделник и среда). Предавањата ќе се одвиваат во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), поточно во училна 122, со почеток во 17 часто и 45 минути, а ќе бидат со времетраење од 50 минути. Во случај на поголема заинтересираност, САД ветуваат дека ќе се организира втора група со почеток од 18 часот и 45 минути.

Курсот го има следниов распоред на предавања:

• Моделирање на Сончевиот систем;
• Набљудување на Сонцето и Месечината (надворешна активност);
• Прошетка низ Сончевиот систем (надворешна активност);
• Моделирање на Месечината, астероиди и комети;
• Ѕвезди и совездија;
• Галаксии;
• Експерименти во астрономијата;
• Доделување на дипломи

Цената на курсот е 3000 денари и во неа е вклученo: учество во интерактивни предавања, комплет опрема за сите експерименти и активности и подарок од Скопско aстрономско друштво. Плаќањето е во готово, пред почетокот на првото предавање.

За пријава пополнете го формуларот даден на следниот линк.

 

Напомени:

• Бројот на учесници е ограничен и поради тоа ќе важи принцип на прв/а пријавен/а, прв/а запишан/а. Пријавувањето трае до 26 април, а доколку бројот на пријавени се пополни, формуларот за пријавување ќе биде затворен

• Запишаните ќе добијат потврда од Скопско астрономско друштво и дополнителни информации по пријавувањето.

• За распоредот на групите пријавените ќе бидат известени непосредно пред почетокот на курсот.

 

Доколку ви се потребни дополнителни информации, пишете на kontaktastronomija@gmail.com или јавете се на телефон: 076/439-027 (Радан, после 12 ч).

 

Клучни зборови: