Рубрика: Телекомуникации
10 години Z3 портабл група (2016–2026)
Автор: Владимир Ковачески
Објавено на 21.01.2026 - 14:30

Пред десет години на 21.1.2016 година беше основана 'Z3 портабл група', како авторски проект и иницијатива со цел промовирање на радиоаматерските портабл активности и враќање кон радиоаматерската заедница преку споделување искуства, знаење и поддршка за радиоаматерското хоби. Денес, по една деценија континуирано делување, јасно е дека значењето на групата е многу пошироко од самите портабл активности.

'Z3 портабл група' израсна во отворена платформа за неформално радиоаматерско делување и здружување, која активно го промовира радиоаматерскиот плурализам. Таа обединува радиоаматери кои не се членови на ниту една организација, како и членови од различни радиоаматерски организации, создавајќи простор за соработка без формални ограничувања. Групата промовира самоиницијативност, самофинансирање и самоорганизирање во делувањето, како примарна основа за создавање на база од поединци кои своите знаења понатаму ги пренесуваат преку колективно делување на терен, но и во рамки на своите радиоаматерски организации.

Споделување на искуствата за портабл

Преку портабл активностите се изоструваат радиооператорските вештини и се стекнуваат значајни технички искуства, знаења кои се директно применливи и при поставување и работа на базни радиостаници.

'Z3 портабл група' ја зголеми видливоста на портабл активностите во земјата и во странство, воспостави соработка со домашни и странски радиоаматери и учествува во бројни меѓународни радиоаматерски програми за активности на отворено (WWFF – природни заштитени подрачја, POTA – паркови, WCA – историски тврдини, SOTA – планински врвови и WWBOTA - бункери) при што има издадено неколку стотина радиоаматерски дипломи за остварени радиоврски со портабл станици од македонски заштитени подрачја.

Дипломи издадени од 'Z3 портабл група'

Групата функционира без членарина, без формални структури и без институционална рамка, затоа што смета дека активноста во базата треба да биде примарна, а не раководните тела и органи. Во изминатите години се одржаа 14 радиоаматерски собири и повеќе заеднички портабл активирања, но најголемата вредност останува слободниот дух на радиоаматерството којшто групата го негува. Издадена е и книгата 'Герила портабл', достапна на македонски и на англиски јазик.

Средба на 'Z3 портабл група'

'Z3 портабл група' не е само за портабл. Таа е идеја, пристап и филозофија на независно, функционално, општествено одговорно и креативно радиоаматерско делување.

Нека е честит 10-годишниот јубилеј и уште многу успешни години во етерот!

 

Владимир Ковачески, Z35M

Клучни зборови:
Амблем на 'Z3 портабл група'

Амблем на 'Z3 портабл група'

Споделување на искуствата за портабл

Споделување на искуствата за портабл

Дипломи издадени од 'Z3 портабл група'

Дипломи издадени од 'Z3 портабл група'

Средба на 'Z3 портабл група'

Средба на 'Z3 портабл група'