Авион извршил принудно слетување откако бил удрен од објект што мошне веројатно дошол од вселената. Сударот со сè уште неидентификуваниот објект се случил над американската држава Јута. Се шпекулира дека објектот што удрил во авионот е можеби парче вселенски отпад или метеорит.
Ноќта на 16 октомври 2025 година, летот на Јунајтед ерлајнс, број 1093, на линијата од Денвер до Лос Анџелес бил принуден да се пренасочи кон Солт Лејк Сити откако сè уште неидентификуван објект удрил во прозорот на пилотската кабина додека авионот бил на крстосувачка висина над Јута. Ударот предизвикал делумно кршење на стаклото и полесни повреди на пилотот. Настанот го привлече вниманието на американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB), кој отвори подлабока истрага.
Според објавата на оваа американска федерална агенција на платформата X, „NTSB собира радарски, метеоролошки [податоци] и податоци за лето. Оштетениот прозореџ е испратен во лабораториите на NTSB за детална анализа”. Сликите споделени на социјалните медиуми покажуваат дека предниот прозорец од Боинг 737 MAX е напукнат, а раката на пилотот е малку исечена од парчиња стакло.

Како што веќе споменавме, во моментот на ударот авионот авионот летал на висина од приближно 11 000 метри. И покрај видливото оштетување на предното стакло пилотската кабина го одржувала внатрешниот притисок, но летот од безбедносни причини бил пренасочен кон Меѓународниот аеродром во Солт Лејк Сити. Настанот предизвикал загриженост меѓу патниците, додека авионот брзо се спуштал на безбедна висина за да овозможи итно слетување.
Во овој момент, природата на предметот сѐ уште останува мистерија. Капетанот на летот неформално споменал “вселенскиот отпад” како можна причина, но ова тврдење сè уште не е потврдено од истражителите.
Експертите нагласуваат дека веројатноста комерцијален авион да биде погоден од вселенски отпад е исклучително мала, толку многу што Федералната администрација за авијација (FAA) ја проценува можноста за сериозна повреда на патникот поради вселенски отпад на помалку од еден во трилион.

Други хипотези што се разгледуваат вклучуваат можност за удар од метеорит, кој според една студија се случува почесто отколку што се сметаше претходно (се проценува дека 17 000 метеорити ја погодуваат Земјата секоја година), или град на голема надморска височина или екстремни временски услови што можеле да го предизвикаат ударот врз стаклото на големи надморски височини. Последната хипотеза е дека ударот бил судир некој со необичен атмосферски објект, како што се метео-балони или невселенски отпад коишто би можелр да се најдат на големи надморски височини.
Судир со авион што крстари на голема надморска височина е исклучително редок настан. Судирите со птици, на пример, речиси секогаш се случуваат при полетување или слетување, не на висини од над 10 000 метри. Понатаму, сликите покажуваат оштетување на металната рамка во близина на стаклото, што укажува на значително силен удар.
Фактот што авионот можел безбедно да слета потврдува дека современите ветробрански стакла на комерцијалните авиони се направени од повеќе ламинатни слоеви: дури и ако еден слој е оштетен, другите можат да ја одржат заштитната фолија на кабината.
NTSB спроведува техничка истрага што вклучува анализа на радарските податоци за да се потврдат сите предмети вдолж патеката на летот; се испитуваат и временските услови во времето на ударот; и се врши лабораториска проверка на ветробранското стакло во надеж дека можеби ќе се идентификуваат остатоци, гребнатини или траги од предметот кој удрил во авионот а коишто може да укажат на неговото природно или вештачко потекло. Резултатите од овие анализи ќе бидат клучни во разјаснување дали станува збор за многу неверојатен, но природен настан (метеорит), инцидент со вселенски отпад или почест, но невообичаен феномен (град или удар на голема надморска височина).